Хрватска прогласена за светска дестинација на годината
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2016
Travel and Leisure ја прогласи Хрватска за светска дестинација на годината.
Познатото американско списание за туризам, Travel and Leisure ја прогласи Хрватска за „светска дестинација на годината", затоа што добила најмногу гласови на гласање онлајн.
При гласањето Хрватска освоила 28% од вкупниот број на гласови од читателите, а ја оставила на второ место Португалија со 24%. Иако е втора по гласовите на читателите, Португалија е прва според изборот на редакцијата на списанието. Номинации за светска дестинација за оваа година имале и Портланд, Хаваи, Париз, Нов Зеланд, Исланд, Рио де Жанеиро.
Минатата година читателите на списанието ја избраа Куба.