29 Декември, 2024
0.0386

И ДОКТОРИ И МАГИСТРИ ПО НАУКИ МЕЃУ НЕВРАБОТЕНИТЕ: Кој најмногу чека за вработување и колку луѓе се на листите?!

Објавено во: Економија 12 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Невработеноста во Македонија и понатаму останува сериозен проблем за кој е потребно постудиозен пристап кој ќе придонесе кон негово надминување. Она што зачудува е фактот што и покрај високата невработеност, компаниите секогаш се жалат дека има недостиг на кадри, особено на стручни кадри, а од друга страна меѓу невработените, или лицата кои чекаат работа се и магистри и доктори на нука.

Како што покажуваат последните бројки на Агенцијата за вработување, дури 13 доктори на науки, од кои седум се жени кои бараат работа. Но, покрај нив, и 552 лица кои се магистри на наука, од кои 357 жени исто така се во потрага по соодветна работа. Со високо образование имаме 6.587 невработени лица, од кои 4.279 се жени без работа.

Ова го покажуваат последните бројки за невработените лица, односно лицата кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување на Македонија.

Според нивната евиденција за месец октомври годинава во потргаа по работа се 103.147 лица, од кои 53.205 се жени. Од бројките кои ги објави Агенцијата, 61.492 живеат во град, додека 41.655 баратели на работа живеат во селска средина.

Она што е значајно да се напомене е дека покрај евиденитраните 103.147 невработени лица, Агенцијата за вработување има уште 44.467 граѓани кои ги води како други лица кои бараат работа. Тоа покажува дека во агенцијата во октомври месец имало 147.614 невработени лица кои се пријавиле.

Но, бидејќи секогаш има и граѓани кои не се пријавуваат во агенцијата за вработување иако не се никаде во работен однос, очекувано е вкупниот број на невработени лица да е многу поголем.

Значајно е да се напомене дека од вкупниот број на невработени, најголем дел се граѓани кои се на возраст меѓу 55 и 59 години, или поточно 15.501 лице имаат над 55 години. Токму овие групи на граѓани најтешко може да најдат работа, бидејќи на некој начин се пред пензионирање, и шансите за некоја компанија да вложи во нивна обука или адаптација се многу помали, поради што остануваат ризична група на граѓани за понатамошно вработување.

Следни на листата на граѓани кои бараат работа се лицата над 60 години. Во оваа група има 13.936 лица, а од нив 5.099 се жени. И за нив, како и за претходната категорија шансите за ново вработување, во нова струка се многу мали, но за оние кои според досегашното истуство можат да најдат работа можностите се поголеми.

И лицата од 50 до 54 години се меѓу оние со најголем невработеност. Имено во оваа категорија има 12.885 лица, од кои 6.893 се жени.


Бројките на Агенцијата покажуваат дека од почетокот на годината имаме благо намалување на бројот на лицата кои бараат работа. Па така во јануари имало 111.896 невработени лица и плус 46.064 други лица кои бараат работа или вкупно 157.960 невработени лица.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во последниот макро монитор посочуваат дека иако имало поволно придвижување на пазарот на труд, во последниот период се забележува стагнација на овие позитивни движења.

- Невработеноста во третиот квартал од 2023 се намали на 12,8 отсто, од 13,1 процент во претходниот квартал. Вработеноста благо се зголеми на 45,7 отсто, од 45,5 проценти во претходниот квартал, додека активноста на пазарот на труд остана стагнантна на 52,4 отсто. Овие движења се поволни, но значајно побавни од претходно – се нагласува во нивната анализа.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ и Левица против укинувањето на недела неработен ден

СДСМ и Левица против укинувањето на недела неработен ден

АХВ казнува угостители предновогодишно

АХВ казнува угостители предновогодишно

Колку пари ќе ни донесе усвоениот Закон за глобален минимален данок на добивка?

Колку пари ќе ни донесе усвоениот Закон за глобален минимален данок на добивка?

ПОСКАПУВААТ И НОВОГОДИШНИТЕ АРАНЖМАНИ - инфлацијата удри врз туристичкоугостителскиот сектор, што може да очекуваме?

ПОСКАПУВААТ И НОВОГОДИШНИТЕ АРАНЖМАНИ - инфлацијата удри врз туристичкоугостителскиот сектор, што може да очекуваме?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија