03 Мај, 2024
0.0286

И ВО МАКЕДОНИЈА ИСТЕКУВА РОКОТ НА ВАКЦИНИТЕ АСТРАЗЕНЕКА: Ако не се потрошат до крајот на ноември, повеќе илјади ќе бидат уништени

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

И во Македонија дел од вакцините против ковид наскоро ќе мора да бидат уништени поради тоа што им истекува рокот до крајот на ноември, а едноставно не може да бидат потрошени. Станува збор за вакцините од британско-шведскиот производител АстраЗенека, кои се околу 25.000 на број, а со кои во моментов се врши само ревакцина на граѓани над 60 години.

-Дојдов да се вакцинирам по прв пат. Побарав да ја примам вакцината АстраЗенека, но сестрите ми рекоа дека со оваа вакцина сега се дава само втората доза, бидејќи рокот им е при крај и дека ако ме вакцинираат, ќе нема за ревакцина, која треба да се прими по 6 недели, вели една повозрасна скопјанка, која вчера беше во пункот за вакцинација против ковид во поликлиниката Букурешт.

Дека рокот на вакцините АстраЗенека е при крај, за Фактор потврдија и од Министерството за здравство, од каде нагласуваат дека со овие вакцини се дава само втората доза.

-Во мометов располагаме со 252.680 дози вакцини од производителот Фајзер, околу 25.000 од производителот Астра Зенека и 5000 од производителот Синовак. Дополнително секоја недела во државата пристигнуваат околу 30.000 вакцини од производителот Фајзер. Во моментов се одвива вакцинација и ревакцинација со вакцината на производителот Фајзер, како и ревакцинација со вакцината од производителот Астра Зенека. Моменталните количини од производителот Фајзер се со рок до јануари/февруари 2022 година, вакцините од производителот Астра Зенека се со рок ноември 2021 година, а вакцините од производителот Синовак се со рок до 2023 година.

Во случај овие количини, односно околу 25.000 вакцини од АстраЗенека не се потрошат, постапката е иста како и со сите останати вакцини со поминат рок, односно се уништуваат како медицински отпад, посочуваат од Министерството за здравство.

Во однос на тоа до каде е постапката за најавената донација која ја посочи министерот Венко Филипче кон крајот на септември од Данска, од каде Македонија треба да добие 250.000 вакцини од производителот Џонсон и Џонсон, од Министерството за здравство засега велат дека навремено ќе информираат за секоја нова донација на вакцини. Сосема сличен одговор има и во однос на набавката на антивирусниот лек Молнупиравир од производителот Мерк, односно од Министерството за здравство велат дека проактивно стапиле во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и во тек се преговорите за набавка на лекот.

Инаку, според последната информација од Министерството за здравство во однос на опфатот на вакцинација во Македонија, во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. 56% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?