29 Април, 2024
0.0263

Ибис Стајлс Скопје ја слави својата прва годишнина

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Ибис Стајлс (IbisStyles), светски познатиот и признат бренд на АкорХотелс (AccorHotels), групација која е светски лидер за патување и стил на живеење, ја одбележа првата годишнина од своето постоење во главниот град на Македонија, преку Хотелот Ибис Стајлс Скопје. На свечениот настан присуствуваше г. ЖилКлавие, Претседател на Одборот на директори и Извршен директор на Орбис / АКОР хотели за Источна Европа  и Кристина Камчева- Стојческа, една од сопствениците на хотелот во Македонија.

Камчева-Стојческа пред присутните напомена дека за кратко време, со начинот на работење, со својот модерен изглед, со отворениот пристап кон гостите, со комплетните хотелиерски услуги прилагодени на новото дигитално време, ИБИС Стајлс Скопје се наметна како еден од најдобрите хотели во нашиот главен град. Се осврна и на евидентното задоволство на гостите од престојот кое се потврдува и преку позитивните критики на релевантните меѓународни веб платформи, како и искуството на комфор, услужност и дизајн понудени по најдобра цена, кои позитивно влијаатнарезултатот и на добриот имиџ на семејството хотели Ибис (IbisHotels) во целина.Претседателот и Извршниот директор на групацијата ОРБИС / АКОР хотели за Источна Европа, ЖилКлавие ги поздрави присутните и изјави „Групацијата на хотели Орбис, која е стратешки партнер на Акор Хотели и единствен издавач на лиценци за сите брендови во Источна Европа, е водечкиот хотелски оператор во регионот преку своите 128 хотели. Со цел да ја зацврстименашата водечка позиција, ја прошируваме нашата мрежа на хотели во рамките на брендотАкор Хотели. Во насока на нашата развојна политика и стратегија, постанавме лидер на македонскиот пазар во последните три години. Со задоволство присуствувам на прославата на Ибис Стајлс во Скопје, кој минатата година беше официјално претставен на пазарот во партнерство со Орка Холдинг како сопственик и инвеститор. Со иновативното и ново искуство за гостите, нудејќи неповторлив хотелски наратив и дизајн, со срдечна услужливост и пречек, Ибис Стајлс ќе придонесе кон зајакнување на меѓународниот имиџ на градот“.

Хотелот е дел од групацијата Акор Хотели, која е светски лидер за патување и стил на живеење во повеќе од 100 држави ширум светот, со повеќе од 4.500 хотели и 650.000 хотелски соби. Присуството на брендот Ибис стајлс ја става Република Македонија на светската мапа на туристички центри, што директно придонесува кон зајакнување на туризмот во земјата.

Ибис Стајлс Скопје располага со 47 модерни и комфорни соби кои на гостите им овозможуваат удобен престој.Секоја соба го носи името на различен град од светот и ја проткајува приказната за имагинарен пат околу светот. Хотелот е категоризиран како хотел со 4* и, меѓу другото, располага и со соба за лица со посебни потреби. Располага и со семејни соби,  детско катче , бар,  бесплатен интернет и согласен е и за прием на гости со миленичиња.

ИБИС Стајлс Скопје е далеку од градскиот метеж , но сепак многу близу до централното градско подрачје. Се наоѓа во населбата Тафталиџе, близу до повеќе значајни комерцијални објекти во урбано, но мирно градско подрачје.

Можеби ќе ве интересира

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк