03 Мај, 2024
0.0495

Илија Димовски има 10 прашања за Каракачанов

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва преку социјалните мрежи му се обрати на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов поставувајќи му 10 прашања.

Тој го потсети Каракачанов на односот на бугарската држава и армија во минатото кон Македонија и македонскиот народ.

„Знам дека никој од прозваните министри нема да ви одговори, бидејќи очигледно си имате измешани и нерасчистени сметки и нарушена лична доверба, па еве јас по втор пат оваа година да си дозволам да ви се обратам, за да ви помогнам и вам и на вашите колеги министри, некако да разберете дека вашиот (најчест) однос кон Македонија во последните 120 години, не само што е штетен за нашата Македонија, туку е катастрофален и за вашата Бугарија (пак да не ве потсетувам на сите непотребни животи кои ги потрошивте низ македонските широчини)“, пишува Димовски.

Поранешниот пратеник им порача на Каракачов и неговата колешка од бугарската влада, Екатерина Захариева да намалат со навредите и потценувањето затоа што во Македонија има паметни луѓе, дури и за извоз.

„Господине Каракачанов, низ последниот век некогаш бевме на исто, но често не бевме на иста страна, вие дури често ја користевте Македонија за остварување на вашите бугарски интереси, а на штета на луѓето кои живееа и живеат низ Македонија“, пишува Димовски и ги поставува прашањата. 

1. Зошто бугарската армија не влезе во Македонија за да го оствари ветувањето дека царска Бугарија ефективно ќе го помогне Илинденското востание? Или нашите овде беа помалку "бугари", па можевте да ги користите како кусур во позиционирањето и односите со другите соседни држави?

2. Зошто потпишавте пакт за поделба на Македонија, ако македонскиот народ е бугарски, зошто прифативте да живеат "бугарите" низ четири различни држави?

3. Зошто дозволивте само 16 проценти од Македонија денес да е во Бугарија, ако целиот македонски народ е всушност "бугарски"?

4. Каква беше улогата на бугарската армија (вие сте министер на одбраната, проверете во архивите) во ПСВ додека беше стационирана околу врвот Пелистер и какво оружје користеше за удари врз градот Битола? (Знам дека армија врз сопствен град и народ тоа што го правела не би можела да го прави).

5. Зошто господине министер, вашиот генералштаб не дозволи 11-от полк на бугарската армија (составен од 90% луѓе од Македонија) да ја ослободи Македонија, туку го пративте на Тракија? Зар треба да не се сомневаме дека 14.000 Македонци под оружје за вас не беа страв да бидат распоредени низ Македонија?

6. Зошто направивте размена на население со соседна Грција после ПСВ и ги обезчовечивте илјадниците наши куќи и села низ егејска Македонија?

7. Зошто господине потпретседател на Владата, не побаравте ниту 1% права за "Бугарите" во Грција и некакво право на културно и историско наследство во северна Грција, доколку навистина принципиелно се борите за тоа? Ако ние овде сме Бугари, сигурно и тие долу се, или пак таму веќе имате договор да не смеете да се мешате?

8. Како бугарската Влада дозволи да има подобар однос кон Атина и Белград, од спрема нас овде, доколку ние и вие сме ист народ, па макар и искарани и во кавга? (Имало и други такви периоди во вашата политичка историја).

9. Зошто не терате ние да прифатиме дека во Бугарија нема Македонци, ако тврдите дека ни во Македонија ги нема? Од што се плашите? Од нас овде или од самите вас таму?

10. Не ли ви е криво и тешко што ќе останете запаметен како човек кој наместо да не доближува, вие лично најмногу не раздалечува, нас и вас?“, праша Димовски.

Нашата држава направи страшни отстапки, неприфатливи за мнозинскиот дел од граѓаните, кажа Димовски синоќа во „Само вистина“ на Канал 5. 


Можеби ќе ве интересира

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник