29 Април, 2024
0.0304

ИЛИРИКА ЈА ПРЕЗЕМА ДЕЈНОСТА ОД БЕЛГРАДСКИОТ WISE БРОКЕР

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

ИЛИРИКА Инвестментс АД Белград склучи договор за откуп на дејноста на една од најголемите српски брокерски куќи, WISE брокер АД Белград. Покрај дејностите, ИЛИРИКА ќе ги преземе и сите вработени во оваа компанија.

WISE брокер АД Белград е една од најстарите и најголемите берзански компании во Србија. Основана е во 2000година и се смета за понудувач на одлични услуги на пазарот на капитал во Србија. Во 2016 година, по вкупниот промет со акции на Белградската берза беше рангирана на четвртото место. По превземањето, клиентите на WISE брокер АД Белград и нивните вработени ќе работат под покровителство на ИЛИРИКА Инвестментс АД Белград.

„Станува збор за значително проширување на нашата дејност во регионот“ објаснува Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на Илирика ДД Љубљана„Синергиите што ги создаваме со значителното присуство во Србија не се занемарливи и претставуваат дополнителен квалитет, како за нашите клиенти во Словенија, така и за нашите нови српски деловни партнери.“

Илирика ДД е на пазарот од 1995 година и е најстарата берзанска куќа во Словенија. Таа има доверба од 20.000 клиенти. Во неа се вработени вкупно 50 финансиски експерти и преку локалните филијали е присутна на хрватскиот, српскиот и македонскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг