29 Април, 2024
0.0294

Им фалат илјадници работници, почетна плата преку 2000 евра, сместување и храна

Објавено во: Стил 08 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Лекарската комора на Австрија предупредува на недостиг од лекари во болниците и предвидува дека состојбата уште повеќе ќе се влоши доколку нешто не се преземе по ова прашање.

Харалд Мајер, началник на организацијата која собира вработени лекари, укажал на старосната структура на лекари вработени во болниците укажувајќи дека 25 проценти од нив во наредните десет години ќе отидат во пензија, што претставува „загуба“ на 6400 медицинари.

Лекарската комора ги изнела податоците дека во моментов се испразнети 300 работни места за лекари. Се покажало исто така дека младите лекари не сакаат да го поминат својот работен век во болницте, туку се во потрага за кратко и флексибилно работно време.

За многу млади лекари условите за работа не се доволно атрактивни, недостасуваат флексибилни модели на работно време, бидејќи е многу тешко да се уклопи кариерата на работа во болница и семејството и децата.

Одлив на лекари, преобилна администрација

Податоците покажуваат дека од 2003 година од Австрија во странство отишле вкупно 7000 лекари.

Статистичките податоци покажуваат дека 1500 лица годишно се запишуваат на студии по медицина, а само 1300 ги завршуваат студиите, додека дури 900 лекари остануваат во Австрија.

Мајер побарал намалување на бирократијата во рамки на лекарската професија, бидејќи лекарите во болниците поминуваат 40 проценти од своето време во администрација и пишување документација.

Тој исто така поради претрупаните амбуланти побарал приливот на пациенти подобро да се регулира, приемот во амбуланти да им се овозможи само на лица кои имаат упут и во итни случаи.

Воспоставувањето на максимално работно време за лекари од 48 часа во неделата го поздравија членовите на Лекарската комора и додале дека се работи за важен чекор за растеретување на медицинарите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти