ИМ ВЕТИЛЕ РАБОТА: Ги однеле преку граница и доживеале хорор
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2017
Група од 30 жени се измамени за работа во странство.
Станува збор за жени од Венецуела и Колумбија кои биле однесени во Мексико, со ветување дека ќе работат.
Жените на возрст од 21 до 39 години биле принудени на проституција, а полицијата ги пронашла западно од главниот град Мексико Сити.
Шеверцерите им ги земале документите и ги држеле затворени.
Во друга операција во Морелос најдени се уште шест жени кои се соочиле со истиот проблем.