29 Април, 2024
0.0264

Иницијатива за донацијата на прочистувачи за воздух во градинките прерасна во државен проект

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Како продолжение, а воедно и затворање на овогодинешниот проект на Ротари Клуб Скопје Камен Мост за намалување на изложеноста на децата на загаден воздух, донирани се нови 12 уреди за прочистување на воздухот, овојпат за градинките „ Распеана младост” и “Орце Николов” во општината Карпош.

Проектот кој започна во ноември со донација на уреди за градинките лоцирани во општината Центар ќе биде затворен за оваа сезона со донација на уреди за потребите на градинките на територијата на општина Карпош.  Освен што директно ги помогна градинките во овие две општини, проектот беше масовно прифатен од институциите, други клубови и хуманитарни организации, стопански и индивидуални донатори, за да денес некои општини целосно ги имаат покриено потребите од вакви прочистувачи за своите градинки, како што е примерот со општините Битола и Кавадарци, додека други општини се на добар пат да ја реализираат истата цел. Благодарение на општината Карпош, а финансиски помогнати од страна на бизнис заедницата, партнери на клубот,  овие дополнителни 12 прочистувачи, од моделот Blue Air 221 од произведувачот Blue Air од Шведска, ќе овозможат да просториите во коишто нашите најмили ги поминуваат своите детски денови бидат заштитени од ефектите на загадениот воздух.

“Задоволни сме што нашиот проект за донација на прочистувачи на воздух наиде на сериозен одзив кај институциите и жителите на градот Скопје и пошироко низ Македонија, па во изминативе месеци бевме сведоци на огромен број на слични вакви донации и набавки на уреди за домашна и јавна употреба. Иако овие донации не го решаваат изворот на загадувањето, тие сепак времено го подобруваат воздухот којшто го дишеме во просториите каде што се поставени, со надеж дека во меѓувреме ќе се изнајде начин за подолгорочно решение на проблемот. По соработката со општината Центар, на наше големо задоволство го продолживме проектот со општината Карпош, која срдечно ја прифати нашата подадена рака. Денеска сме сведоци на масовноста на оваа иницијатива која буквално прерасна во едно државно движење за уживање во правото на чист воздух, едно од нашите загарантирани права. Успешноста на проектот е јасен сигнал дека мора постратешки да се позанимаваме со проблематиката на загадениот воздух. За таа цел сите ние заедно, во соработка со институциите, во следните години, мора да работиме на подобрување на ситуацијата. Во меѓувреме ќе ги имаме прочистувачите да ни помогнат.“ – изјави Иван Новаковски, претседател на Ротари Клуб Скопје Камен Мост.

Покрај реализацијата на донациите, следната цел на клубот е дополнително подигање на свеста кај децата од нивна најрана возраст за загаденоста на воздухот, и можноста за индивидуален и групен придонес во решавањето на проблемот. Клубот има изработено систем за известување на нивото на загаденоста во училишните средини, и прескриптивни мерки коишто наставниците и учениците би ги следеле за време на нивниот престој во училиште, за да ја минимизираат својата изложеноста на загадениот воздух. Иницијатива наиде на одобрување од градот Скопје, и би можела потенцијално да се реализирал следната година.

Донацијата е овозможена во соработка со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, а финансиски помогната од партнери на клубот. 

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024