11 Мај, 2024
0.0516

Иницијативен одбор: Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март, не сакаме ликови како Бишевац и Зафировски

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Иницијативниот одбор кои бара промени на раководството на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Изборен конгрес треба да има на 28 март, а на претседателот Христијан Мицкоски му порачуваат дека во најголемата опозициска партија не сакаат ликови како Сафет Бишевац и Воислав Зафировски.

„17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток. 17-от Вонреден Конгрес на ВМРОДПМНЕ ќе биде конгрес на соочување со грешките и пропустите и нивно надминување. 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на кој ќе донесе нова енергија и верба дека партијата знае и умее да победува. 

Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „слуги“, а ликови како Сафет Бишевац кои го навредуваа членството на ВМРО-ДПМНЕ дека немало мозок, ги поставува на кандидатски листи за пратеници. Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги навредува дека некој им бил стопан, а од друга страна за кандидат за Претседател на држава предлага кадри кои биле министри во владите на СДСМ. Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „криминалци“, а ликови како Воислав Зафировски кои немаат ниту „В“ од ВМРО ги фаворизира во партиските структури, иако истите барале максимални казни за осудените од 27 април“, реагираат од Иницијативниот одбор.

Од таму на Мицкоски му порачуваат да не соработува со, како што велат, „анти-НАТО“, ликови и дека на последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ загубила 150.000 гласови.

„Слабо ВМРО-ДПМНЕ значи и слаба Македонија. Затоа се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не смее да калкулира. Треба да дојде и да се појави пред делегатите во Скопје, да даде отчет за сработеното и да ја побара нивната поддршка доколку смета дека ја заслужил. Личните интереси не смеат да бидат пред државните и партиските. 17 Вонреден Конгрес во Скопје на 28 Март му е неопходен и на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија“, бараат од Иницијативниот одбор.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа