01 Мај, 2024
0.0263

Иновации, подобрување на животната средина и развој на идните професии во фокусот на годинешниот самит Македонија2025

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Осмото издание на Самитот Македонија 2025, кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство, ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје. Оваа година, се очекуваат над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од 400+ менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, дипломати, високи функционери и успешни млади професионалци, од земјата, регионот, но и од целиот свет.

Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со 10+ панел-дискусии, како и засебни тематски сесии и работилници за развој на вештини. Главниот фокус на Самитот 2019 ќе биде ставен на две теми кои нè засегаат сите нас: иновации и нивното влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина/ воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Покрај тоа, ќе се дискутира за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ компаниии други интересни дебати.

Меѓу првите потврдени говорници се: Елизабет Наумовски, експерт за финансиска писменост и водител на телевизиското шоу „Finance is Personal”; Том Битов, претседател на PowerBev Inc. и PUR Brands Ontario; Тери Шулц, истакнат новинар во NPR и Deutsche Welle; Питер Табак, заменик-директор и водечки регионален економист во ЕБРД; Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот парламент; Јонас Коивисто, истражувач од Универзитетот во Хелсинки; Гоце Андревски, професор и почесен член на Универзитетот Квинс, Онтарио и многу други.

Овогодинешниот Самит ќе им понуди на домашните компании и учесниците одлична можност за поврзување со странските компании, со потенцијални инвеститори, како и со наши истакнати членови на дијаспората, преку новововедената онлајн платформата за Б2Б средби. Оваа платформа, како и целокупниот Самит ќе донесе големи придобивки и можност за компаниите во земјава да ги прошират своите бизниси, да го зголемат својот извоз, како и да се поврзат со нови стратешки партнери од целиот свет.

Учество на Самитот се препорачува за сите претставници на компании, стартапи, истражувачки центри, невладини организации, академски институции, вработени во јавната администрација, дипломатскиот кор и други државни органи, како и за сите индивидуи кои се заинтересирани за стекнување вредни знаења и остварување нови деловни соработки. 

Раната регистрација за учество е во тек! Пријавете се на следниот линк: https://mk2025summit.com/buy-ticket/.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор