ИНОВАЦИЈА: Студенти создадоа паметен тепих
Објавено во: Балкан 13 Декември, 2018
Во Србија студенти направиле паметен тепих.
Двајца студенти победиле на националниот натпревар за најдобра студентска идеја за 2018 година во Србија со нивниот проект наречен SmartWalk. Се работи за паметен тепих.
Жељко Поповиќ и Владимир Винчан се студенти на четврта година на Факултетот за енергетика, електроника и телекомуникации.
Студентите планираат во наредниот период да го реализираат првиот прототип на паметниот тепих што ќе го постават пред влезот на нивниот факултет во Нови Сад.
Целта на тепихот SmartWalk е да ја претвори механичката енергија од чекорите на луѓето во електрична енергија.