02 Мај, 2024
0.0299

Инспектори проверуваа во какви услови се лекува Боки 13 во Шутка, 25 пати бил во болница

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршиле вонреден надзор во истражниот затвор во Шуто Оризари за да проверат во какви услови се лекува и прегледува Бојан Јовановски, кој е во притвор како обвинет во случајот „Рекет“. Инспекторите информираат дека не се констатирани недостатоци од она што е во рамките на нивните надлежности.

ДСЗИ соопшти дека вчера цел на проверка била ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје. Истата е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје, па според тоа овој инспекторат имал надлежност на самото место да ги провери тврдењата на одбраната на Боки 13, дека кон него се води лекарска негрижа во ситуација, како што велат тие, кога тој е во тешка здравствена состојба. Според евиденцијата на инспекторатот, може да се заклучи дека до сега шоуменот за четири месеци дури 25 пати бил испраќан од притворот во болница.

„Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16 јули, при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16 јули до 13 ноември за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи, при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциерно ниво (болнички здравствени установи)“, се вели во соопштението на ДСЗИ.

Од таму констатираат дека упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција.



Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање