26 Април, 2024
0.0258

Интервју Д-р Сашка Б. Симјаноска: Родителите не смеат фобијата од стоматолог да им ја пренесат на децата

Објавено во: Стил 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Првата вистинска посета на стоматолог пожелно е да се случи кога ќе никнат сите млечни заби. Тогаш ќе бидете обучени како да ја одржувате хигиената кај детето, а тоа стекнува позитивна навика и пријателски однос со неговиот стоматолог. Тој однос е неоптоварен со траумите кои ги доживуваат оние деца кои за прв пат се сретнуваат со својот доктор кога се во голема болка и не знаат што ги очекува во ординацијата. 

На темата прва посета на стоматолог, и како да се разбие стравот од првата средба денеска разговараме со Д-р. Сашка Благоевска Симјаноска од Поликлиника Др. Благоевски, специјалист по ортодонција и ТМД дисфинкција.

Женски магазин: Посветуваат ли денешните родители значајно внимание на оралната хигиена и редовната посета на стоматолог на своите дечиња и која возраст е најсоодветна за прва посета на стоматолог?

Д.р Сашка: Една од загриженостите на сите родители е и токму првата посета на детето на стоматолог и неговата реакција. Но, потребна е голема едукација и голем труд на сите нас да го промениме општо прифатеното мислење дека одењето на стоматолог е болна и стресна работа. Најголемата улога ја имаат родителите кај нивните деца, но и нивните другарчиња од градинка, школо, парк ... како и изреката дека добриот глас брзо се шири, а лошиот уште побрзо. Нечие непријатно искуство со стоматолог најбрзо ќе го запамтат децата и ќе си го поврзат со нешто непријатно и непосакувано место.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти