02 Мај, 2024
0.0265

ИНТЕРВЈУ: ПРОФ. Д-Р НЕБОЈША ТАСИЌ - КАРДИОЛОГ: И младите жени се изложени на ризикот од инфаркт

Објавено во: Стил 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Кардио-васкуларните проблеми се модерна болест на денешницата, а жените, особено во периодот на пост-менопауза се изложени на поголем ризик од срцев и од мозочен удар. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ минатата недела беше отворен првиот HISPA центар во Македонија. Клучната разлика по која овој центар е единствен во земјава и во регионот е персонализираниот пристап во намалувањето на ризик факторите и регулирање на крвниот притисок, кои значително влијаат во спречувањето на срцевиот и на мозочниот удар.

Со отворањето на овој центар, „Аџибадем Систина“, воедно, беше основано и здружението „HISPA М“ коешто стана дел од регионалното HISPA Здружение за третман на висок крвен притисок и превенција на срцев и мозочен удар. Вакви центри има во 55 градови во Србија, во Црна Гора, во Босна и Херцеговина, во Хрватска и во Бугарија, каде што работат високо-стручни тимови. Професор д-р Небојша Тасиќ, врвен кардиолог на Институтот за кардио-васкуларни болести „Дедиње“ во Белград, во интервјуто за Женски магазин ги објасни конкретните начини за превенција и лекување на кардио-васкуларните болести

Женски магазин - Кој е поводот на вашата посета на Скопје и болницата „Аџибадем Систина“?

Д-р Тасиќ - Има повеќе поводи поради коишто сум тука. Прво, сакам да се заблагодарам на професорот Александар Николиќ и на раководството на клиниката „Аџибадем Систина“ што ме повикаа да соработуваме за два убави проекти. Првиот е едукацијата на лекари за лекување на резистентната хипертензија, едукација на една посебна програма којашто се вика HISPA - програма за превенција против срцев и мозочен удар. Имам големо задоволство да кажам дека во Македонија се отвори првиот HISPA - центар, тука во болницата „Аџибадем Систина“. Македонија е шестата држава во којашто овој центар се отвора. HISPA е едно специфично, младо здружение коешто има за задача да ги лекува срцевиот и мозочен удар односно, со една посебна, HISPA програма на време да реагира кај пациентите кои имаат кардио-васкуларни проблеми.

Целото интервју читајте го на Женски магзин овде.