29 Април, 2024
0.0285

Интервју со Патрик Мартенс

Мартенс: Трговската размена меѓу Македонија и Германија годинава може да биде 4 милијарди евра

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Делегацијата на германското стопанство во Македонија е дел од германските трговски комори во светот, кои се застапени во 92 држави со 140 канцеларии. Тие се најголем партнер на германското стопанство. За улогата на Делегацијата во Македонија, како и за соработката со Германија како најголем трговски партнер на нашата земја зборуваме со директорот Патрик Мартенс.

Која е главната цел на функционирање на Делегацијата во Македонија?

Делегацијата на германското стопанство во Македонија е дел од германските трговски комори во светот, кои се застапени во 92 држави со 140 канцеларии. Тие се партнери на германското стопанство и нивна основна цел и задача е со услугите кои ги нудат да бидат поддршка за компаниите. Со зголемувањето на трговската размена помеѓу Германија и Македонија и зголемениот број на германски инвеститори во Македонија, кои во моментов вработуваат повеќе од 20.000 лица и важат за едни од најстабилните работодавачи, улогата на нашата канцеларија станува сè позначајна. Воедно сакам да напоменам дека делегацијата на германското стопанство во Македонија е одговорна и за албанскиот и косовскиот пазар и ја нуди својата поддршка и услуги на германските компании кои исто така се интересираат и за овие пазари.

Германија и германскиот пазар се едни од најголемите трговски партнери на Македонија во металната индустрија. Дали и колку со ваквите иницијативи се поттикнува уште поголема трговска размена меѓу двете земји?

Ова лето во Франкфурт на Мајна по четврт пат се одржа иницијативата на добавувачи од Западен Балкан. На настанот учествуваа голем број компании од државите од Западен Балкан. Изборот на компаниите кои имаат свое производство во земјите од Западен Балкан беше направен по многу високи критериуми. Цел на овој собир беше тие да воспостават деловни врски со компаниите од Германија за кои долгорочно ќе произведуваат. Оваа година дури девет компании од Македонија од металопреработувачката индустрија беа дел од настанот. Трговската размена помеѓу Германија и Македонија од година во година енормно расте. Според индикативните податоци, во првата половина од годината, доколку продолжи со ова темпо, трговската размена помеѓу двете земји би можела да достигне до 4 милијарди евра.


Организаторот на конференцијата, Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), воспостави партнерство со Германската Асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци на добавување (БME). Колку ова може позитивно да влијае на зголемувањето на соработката на германските компании со македонските?

Во Македонија по вторпат се одржува меѓународната конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ) која е одлична можност македонските компании да се претстават пред бројни странски компании и да станат дел од глобалниот ланец на добавувачи на реномирани странски компании. Особено ме радува дека оваа година имаме дури 70 компании од странство кои дојдоа само поради овој настан во Македонија. Настанот е одлична можност за компаниите да остварат Б2Б состаноци, а дава можност и за странските компании во текот на вториот ден од настанот да одат во посета на македонските и да се запознаат со нивните производни капацитети. 

Кои се Вашите очекувања од конференцијата?

Очекувам успешни состаноци.  Се надевам дека оваа конференција ќе биде полезна и за двете страни. Странските компании подобро ќе се запознаат со капацитетите  кои ги нудат македонските фирми, а македонските фирми, пак, подобро ќе се информираат за потребите и трендовите кои се бараат на запад.

Во програмата на Делегацијата е и областа на образованието и тоа врзано за системот на дуално стручно образование кое обезбедува тесна поврзаност на теоретската и практичната настава, односно создавање кадри според фактичките потреби на пазарот на труд. Од кои причини ги спроведувате овие активности и на кој начин овозможувате помош во Македонија?

Наша улога е координација на дуалното стручно образование помеѓу стручните училишта, компаниите и јавниот сектор со цел да се зголеми бројот на стручно едуциран персонал во Македонија. Полека но сигурно се намалува расположливиот кадар во Македонија и тоа како резултат на зголемениот број странски инвеститори. Македонија како пазар, пред странските инвеститори може да конкурира пред се со стручно образован кадар кој ние во соработка со германските компании од автомобилската индустрија, Дрекселмајер, Костал, ЛДХ Леарница и ОДВ- Електрик сакаме да го едуцираме за потребите на пазарот на трудот. Ги покануваме и другите компании, пред сè од автомобилската индустрија, да се вклучат во процесот на дуално стручно образование, бидејќи тоа е инвестиција во зголемување на квалитетот на сопственото работење и станување поконкурентен пред глобалниот пазар, но воедно е и инвестиција во младите кадри  на кои им се овозможува иднина на пазарот на трудот во сопствената земја.


Можеби ќе ве интересира

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк