03 Мај, 2024
0.0521

ИНТЕРВЈУ Стефан Јовановски: Човечките ресурси создаваат дополнителна вредност за организацијата

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Човечките ресурси создаваат дополнителна вредност за организацијата

Јовановски како дипломиран економист и магистер по менаџмент на човечки ресурси ја усовршил својата експертиза до степен за извлекување на непогрешна проценка како пулсираат и каде се движат компаниите преку примена на HR практиките. Тој е еден од професионалните профили кои ги носат промените и придонесуваат организацијата да биде модерна, современа и просперитетна. Со целото негово искуство и знаење во доменот на човечките ресурси стекнато во интернационални компании, главен фокус на Јовановски и денес останува обезбедување услови за развој на вработените заради целосно искористување на нивниот работен потенцијал, како и етаблирање на организациската култура и водство. Релевантната јавност, Македонската асоцијација за човечки ресурси, минатата година му го додели признанието Менаџер за човечки ресурси на годината за неговиот придонес во развојот на HR одделите во Македонија. 

-Човечки ресурси, многу често споменувана формулација, но недоволно елаборирана и дефинирана во целина. Што се значи сектор за човечки ресурси од Ваша перспектива?

СЈ: Секторот за човечки ресурси е, заедно со Извршниот и Финансискиот директор, најважната функција во една организација, со чија помош се обединуваат и вградуваат стратешките, финансиските и човечките прашања во деловната стратегија. Во времиња во кои поседување таленти постанува основен извор на компаративна предност на пазарот и самата функција на човечки ресурси претрпува промени.  Со развојот на технологијата, опаѓа потребата од темелна експертиза кај традиционалните функции на плати и бенефиции, а кај функцијата за човечки ресурси се става акцент на самиот процес на идентификација и развој на таленти за пораст и развој на организацијата, на промена на корпоративната култура и начините на однесување и на развојот на капацитетите на лидерите, да сето тоа го организираат, развиваат и управуваат.

-Дали ефектите од доследна примена на препораките од секторот за човечки ресурси се мерливи; како се одразуваат врз бизнисот и како може да се провери резултатот?

СЈ: Функцијата несомнено создава дополнителна вредност за организацијата во поглед на поуспешно остварување на целите. Кај оние организации кои не се сосема свесни за значењето на оваа функција, секторот за човечки ресурси треба за момент да отстапи од функцијата на поддршка во интерес на собирање податоци за мерење на сопствениот успех и придонес. Позадината на сите метрики е во докажување на капацитетот за подобрување на оперативните или финансиските параметри, но и за оправдување на сите инвестиции во човечките ресурси. Да заклучам, ефектите од доследната примена на препораките од секторот за човечки ресурси секогаш се мерливи а одлуката за тоа кои параметри ќе се мерат зависи од окружувањето, од фазата на развој во која се наоѓа организацијата и од идните цели што сакаат да се постигнат.

-Општо, каква е сликата во Македонија? Дали секоја компанија задолжително треба да има оддел за Човечки ресурси или пак соодветна соработка во оваа сфера?

СЈ: Мислам дека и покрај несомнениот подем и афирмација на оваа функција на македонскиот пазар, сепак не е на истото ниво со развиените пазари на работна сила. Делумно оваа ситуација произлегува од недоволното ниво на свеста кај организациите за потребата и придобивките од оваа функција, а еден дел се должи и на вечната потреба од заштеда на ресурси кај домашните организации. За жал, со овој потег си ја ограничуваат иднината за сметка на привремениот ефект од кратењето на инвестициите во човечки ресурси. Не сметам дека секоја компанија треба да има оддел за човечки ресурси по секоја цена. На организациите што немаат човечки или финансиски капацитет, им препорачувам дека е поголема штетата да ја занемарат функцијата во целост отколку да ја добијат како услуга од компании во оваа област или самите организации да ја развијат функцијата интерно.

-Релевантната јавност преку Македонската асоцијација за човечки ресурси, минатата година ви го додели признанието за Менаџер за човечки ресурси на годината. За какво уважување станува збор и што доведе до тоа да бидете избран за најдобар во својата професија?

СЈ: Ова признание беше дефинитивно најважен настан во мојата кариера со кој стручната јавност оддаде признание на се што сум постигнал до сега. Секако, главна причина за признанието беше работата на спојувањето на трите телекомуникациски компании на нашиот пазар и создавањето на оне.Вип како нивен правен и комерцијален следбеник. Овој процес беше по многу параметри единствен на нашиот пазар, полн со предизвици, емоции и големи очекувања. Секогаш е привилегија да се учествува во вакви настани, бидејќи доколку истите се сфатат и постават правилно, тие се огромна шанса за личен развој, напредок и стекнување  неповторливи искуства, а воедно бараат секој да го даде најдоброто од себе и овозможуваат чувство на реализација и успешност по нивното завршување.

-Секоја година, Македонската асоцијација за човечки ресурси, каде што и Вие членувате, организира годишна конференција на меѓународно ниво. Какви придобивки имаат учесниците на оваа конференција за унапредување и примена на алатките за човечки ресурси и секторот воопшто во компаниите?

СЈ: Придобивките се повеќекратни. Пред се, секоја конференција е можност да се научи некоја практика или вештина која е предмет на излагање на некој од учесниците. Понатаму, конференцијата е место на кое се сретнуваат понудата и побарувачката на услугите во овој сегмент. Исто така, секоја конференција е можност за воспоставување контакти и обнова на постоечките, размена на знаења и совети со колеги од други организации. Сметам дека, иако се забележува тренд на зголемување на бројот на професионалците од областа човечки ресурси на нашиот пазар, сепак, би требало да се зголемат и капацитетите за споделување знаења и искуство од примена на некои алатки или практики. А Асоцијацијата преку организацијата на годишната конференција, којашто е единствен од ваков вид настан во земјата, токму тоа го прави. Престижот на самиот собир е изграден врз основа на еминентните имиња и профили кои гостуваат секоја година. Преку нивните експозеа, студии на случај, ги пренесуваат своите напредни знаење од светски компании и трендови и на тој начин даваат поттик и мотивација за внесување на човечките ресурси во нашите компании. Ваквата размена на искуства е моментот што недостига кај нас, а којшто најефективно може да се постигне токму преку оваа форма – собир. Затоа е од огромно значење постоењето и активностите што ги има Асоцијацијата како медиум кој постојано организира настани релевантни за повеќето од колегите а останува на сите нас да ги поддржиме настаните со наше присуство и придонес кон размена на постоечките знаења и искуство.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година