Италија погодена од силен земјотрес
Објавено во: Свет 04 Декември, 2017
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистрина ноќеска во понеделникот во централниот дел на Италија, објави Евро-медитеранскиот сеизмички центар. Епицентарот на земјотресот е 120 километри североисточно од Рим и 32 километри северно од Аквила.
Засега нема докази за повреди или штети.
На 6 април 2009 година, Аквила и околината беа погодени од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер, што резултирало со смрт од околу 300 лица и 1500 повреди.
Во Италија, повеќе од две илјади земјотреси се регистрираат годишно, но нивната големина ретко надминува 3 степени според Рихтеровата скала.