Иванка Трамп му го „грееше“ столчето на татко на Г20
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, направи невобичаен потег па така додека татко имаше билатерални средби го замени на неговата позиција на Самитот Г20 кој се одржува во Хамбург.
Ваквото однесување наиде на серија на критики од американските медиуми кои оценуваат дека Иванка не требало да постапи на овој начин бидејќи ја омаловажува функцијата претседател на САД и претставувањето со високи странски државници.
Иванка која врши неплатена советничка функција во Белата куќа денеска најмалку два пати го заменила претседателот Трамп седејќи меѓу кинескиот претседател и британската премиерка за време на говорот на претседателот на Светска банка.