10 Мај, 2024
0.0302

Иванов „поим нема“ што содржи нацрт предлогот до Грција

Објавено во: Македонија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов не е запознаен со грчката-нацрт спогодба доставена до македонската влада. Тој не е ниту  информиран за содржината на нацрт-спогодба за спорот со името испратена од македонска страна до Атина, велат од кабинетот на претседателот.

„Претседателот Иванов и неговиот кабинет ниту се информирани, ниту биле вклучени во формулирањето на предложениот нацрт-договор до грчките власти, што го обелодени премиерот Заев. Претседателот Иванов не е информиран ниту за нацрт-договорот што Република Грција го доставила до Владата на Република Македонија“, велат од кабинетот на македонскиот претседател.

Во однос на посетата на Коѕијас, од Кабинетот на претседателот Иванов велат дека до нив не е пристигнато барање за средба со шефот на грчката дипломатија, и поради тоа не е планирано претседателот Иванов да го прими министерот Коѕијас.

Се поставува прашањето зошто претседателот не беше инволвиран во овие случувања.
 
Министерот Димитров на прес-конференција изјави дека за процесот е подобро да се одвива на овој начин, а да не се води преку медиуми.
„Ние, повторно учејќи од лекциите во целиот процес, формалниот дел, неформалниот дел, медиумската комуникација, одлучивме дека е подобро да работиме и да сработиме, отколку да најавуваме“, рече Димитров.

Од страна на македонската дипломатија во тајност беше држено и дека од наша страна е изработена нацрт-спогодба која е испратена до Грција. Јавноста со оваа нацрт-спогодба воопшто не беше запознаена.

Очиледно е дека сето ова во тајност било држено и за претседателот Иванов, кој не е запознаен со овие нацрт-спогодби и со нивните содржини. Но дали причината е тоа што  Иванов и Владата се од различни политички партии и поради притисокот кој владее во нив?!

За разлика од македонската, грчка дипломатија се подготвува во преговорите и преку ,,специјална војна‘‘ што ја води преку медиумите со постојани анкети и анализи за мислењето на јавноста.

Останува да видиме дали оваа тајна дипломатија ќе стави крај на деценискиот спор.


Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“