02 Мај, 2024
0.0288

Ивермектин стаса во аптеката во Аџибадем Систина: Од утре ќе се продава

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Ивермектин од утре ќе се продава во Македонија. Надежниот лек во борбата со Ковид-19 веќе стаса во земјава. Од аптеката во Клиничката болница Аџибадем Систина потврдуваат дека го добиле и издавањето почнува. Лекот може да се зема само со лекарски рецепт во пакување од 10 таблети. 

Веќе е изготвено и одобрението за упатството за употреба

Според досегашните изјави од Министерството за здравство лекот ќе се дава на три групи граѓани.

„Кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од Ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Лекарите советуваат граѓаните да не го пијат на своја рака. Според нив, најдобро е матичниот лекар да провери какви лекови пие пациентот, за да се определи витинското дозирање со цел да нема некаква интеракција со други лекови.

„Ивермектинот“, според последното истражување на СЗО од 18 ноември минатата година, е единствениот лек кој е ефикасен во сите три фази од ковид заболувањето: периодот на инкубација, полесна и потешка симптоматологија. Тој се смета за наводно чудотворно средство против короната, пред се' во Латинска Америка, зашто лекот за паразитски болести кај животните и луѓето е евтин и може да се купи без рецепт. Лекот се користи всушност за болести како шугата или болести предизвикани од паразити.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање