02 Мај, 2024
0.0296

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, се бара и раководител на Одделението за поддршка на градоначалникот

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако ги „искара“ Антикорупциската комисија пред локалните избори, запреа со вработувањата, но сега државните институции продолжија да распишуваат огласи за прием на нови вработени.

На неполни две недели откако завршија локалните избори, на веб страницата на Агенцијата за администрација осамнаа и новите огласи. Нив ги немаше нешто повеќе од два месеци, бидејќи по распишувањето на изборите на 6 август, беше спротивно на законските прописи да се примаат на работа нови луѓе во државната управа. Државните органи за тоа беа и предупредени од Државната комисија за спречување на корупцијата, по што огласите стопираа. Но, локалните избори завршија на 31 октомври, а потоа финишираа и приговорите и прегласувањата, па дел од државните институции продолжија со пополнување на работните места.

Нога на новите постизборни огласи повлече основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, кое на 12 ноември распиша оглас со кој бара благајник виш референт, кој ќе работи за плата од 20.000 денари.

Еден ден по ова училиште, пак, на 13 ноември, оглас за вработување распишала и општина Штип, чији нов градоначалник е Иван Јорданов.

Таа општина бара интересен профил на кадар, односно раководител на одделението за поддршка на градоначалникот, кој ќе зема плата од близу 30 илјади денари, односно прецизно 29.800 денари.

Исто така преку оглас преку Агенцијата за администрација, Општата болница Струмица бара двајца извршители. Се бара самостоен референт за кадрови работи, односно човечки ресурси, кој ќе зема плата од 17.600 денари, како и помлад соработник за материјално финансиско работење, чие месечно примање ќе изнесува 26.000 денари.

И конечно, преку Агенцијата за администрација и вчера бил распишан оглас за вработување, од општинското основно училиште „Имри Елези“ во Чаир, кое бара благајник виш референт, и чија плата ќе изнесува 17.200 денари.

Инаку, токму на 6 август кога беа распишани локалните избори, само Фондот за здравствено осигурување распиша неколку огласи за прием на 80 вработени. На огласите се бараа раководители, соработници, референти, со плати меѓу 18 и 30 илјади денари, но и директор на секторот за комуникаци и административна поддршка, кој ќе зема ни помалку ни повеќе, туку плата од 46.246 денари.

Токму на 6 август и други институции имаа објавено јавни повици преку Агенцијата за администрација. Меѓу нив и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, околу пет вработувања, потоа Бирото за метрологија, кое ќе прима шестмина извршители, потоа Министерството за економија кое ќе има најмалку пет вработувања.Огласи имаа распишано и општини, јавни претпријатија, комунални и слично.

Антикорупционерите тогаш изјавија дека иако распишување на вакви огласи откако се распишани изборите не е забрането, оваа постапка не е во ред.Институциите го заобиколуваат правилото за забрана за предизборни вработувања, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Таа рече дека законот забранува предизборни вработувања, но таа забрана се заобиколува со објавувањето на огласите пред избори, а вработувањата се вршат по завршувањето на изборите.

„Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние кои што очекуваат да бидат вработени и тоа може да си го користат како класичен клиентелизам, односно како обезбедување на гласови. И тие, замислете, веќе некои се пријавиле и ги имаат нивните информации, кои се тие, кои се нивните семејства и тука има повеќе простор за големи сомнежи и тоа не е во духот на доброто управување“, рече Ивановска.

Таа им укажа на институциите од централната и локалната власт дека ќе треба да го почитуваат Изборниот законик за ограничување и забраните за вработување.

Според Катица Николовска од ДКСК, антикорупционерите тогаш примиле 60 барања од државни институции за мислења за вработување, што значи дека постоела правна несигурност во однос на самите институции, па затоа барале согласност од ДКСК.

„Во делот на измените во Изборниот законик предвидено е дека вработувања може да се вршат само во дел на неодложни и итни случаи, освен за потребите на воспитно образовниот процес“, објасни тогаш Николовска.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?