10 Мај, 2024
0.0272

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ: Еве како ќе возат автобусите поради протестот на угостителите

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ЈСП Скопје информира дека денеска, петок (19.02.2021 год) во периодот од 14 до 17 часот, поради најавениот протест и блокада на крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улица „Интернационални бригади“, возилата од линиите кои сообраќаат во посочениот реон ќе бидат пренасочени.

По изменета траса од вообичаената ќе возат:

Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока.

Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид  Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.

Во правец кон Сарај и Пржино, возилата ќе возат по истата траса, од постојката кај стадионот на Металург.

Линиите 13 и 42 во правец од Кисела Вода и Драчево од подвозникот кај кланица, ќе вртат лево кон Пивара, па од кај ЈСП до постојката кај Алкалоид.

Во правец кон Кисела Вода и Драчево, возилата ќе тргнуваат од кај Алкалоид.

Линиите 43 и 50 од Дом на печат и Клинички центар, после Работнички дом ќе возат по улица „Кеј 13 Ноември“ кон населба Јане Сандански, па по булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“ преку надвозникот во Автокоманда до крајните станици.

Во обратна насока, од улица „Јужноморавски бригади“ и Хиподром, преку надвозникот во Автокоманда, булеварите „Србија“, „Киро Глигоров“ и „Јане Сандански“ кон НБРСМ, па кон МАНУ, односно МНТ ќе продолжуваат по редовните траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 55В, 62, 63, 65, 65Б, 66, 66А и 68 од Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар.

Посожениот режим ќе важи и во обратна насока на сообраќање.

Можеби ќе ве интересира

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев