01 Мај, 2024
0.0299

Минатите избори убедливо најскапи во историјата, ДИК за еден ден исплати 9 милиони евра

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Локалните избори одржани минатиот месец се најскапите во историјата на земјата, а Државната изборна комисија во еден ден - на 26 ноември се раздолжи со исплата на 9 милиони евра, поточно 541,4 милиони денари. Една недела претходно, на 18 ноември еднократно му бил исплатен целосниот договор од 52 милиони денари на печатницата „Киро Дандаро“.

На германската компанија „Дермалог“, која беше избрана на тендерот за обезбедување техничка опрема за спроведување на локалните избори во Македонија со отпечаток на прст, му биле исплатени 472 милиони денари за хардверот и софтверот. Овие 7,675 милиони евра се дел од договорот кој беше постигнат за вкупна сума од безмалку 11 милиони евра.

Преостанатиот дел од исплатите се за кампањата пласирана во медиумите, други услуги, како и надоместоците надвор од редовните примања на вработените во ДИК и ангажираните во избирачките одбори, од кои најголемите за некои од раководителите изнесуваат по околу 57.000 денари.

- Од долгот кон „Дермалог“ останува да се исплати дополнителна сума за хардверот, но за тоа треба да се направат прво технички корекции во нацрт-буџетот за 2022 што треба да се врати во Влада од Собранието. Компанијата беше многу коректна и ни излезе во пресрет за многу барања кои не ни ги наплати. Донесе 4.000 кабли, затоа што постојните во училиштата беа прекратки, а исто така не ни ги наплати ниту чарџерите, ни изјави Александар Даштевски, претседателот на ДИК.

Првиот човек на комисијата додаде дека иако сумата од 52 милиони денари за „Киро Дандаро“ за избирачкиот материјал навидум изгледа најголема во последните години, тоа изгледа така затоа што е исплатена еднократно, а не по различни ставки. Печатницата од 2017 непрекинато го печати и го дистрибуира материјалот за референдумот, претседателските, парламентарните и локалните избори.

- Надоместоците што ги исплативме за учесниците во организирањето на локалните избори се само аванси, односно дел од предвидената сума. Допрва ќе се исплаќаат надоместоците целосно, додава Даштевски.

Услугите како што е дефинирано во договорот со „Дермалог“ ќе траат не само за овој избирачки процес, туку ќе траат во наредните четири години, како што се сервисирање на опремата и спроведување на целиот изборен процес во смисла на ставање на отпечатоци на прст. Сервисната поддршка ќе изнесува 60 месеци.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција