02 Мај, 2024
0.0348

ИЗВЕСНА ПРИВАТИЗАЦИЈА: Галеника оди во раце на Aelius -за 16 милиони евра и отплата на долгови

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Приватизацијата на Галеника е се поизвесна.

Оваа компанија оди во раце на Aelius од Луксембург.

Медиуми од регионот повикувајќи се на Министерството за економија на Србија пишуваат дека оваа компанија од Луксембург понудила 16 милиони евра за купување на 93,7 отсто од вкупниот капитал на Галеника, по отворањето на финансиката понуда на тој понудувач.

Како што е соопштено, Комисијата констатирала дека понудата е поднесена согласно со јавниот повик и дека ги исполнува сите пропишани услови, и донела Одлука со која му предлага на Министерството за економија Aelius да го прогласи купувач на капиталот.

Aelius, е единствен учесник кој ги исполнил сите услови за учество во процесот на приватизација на Галеника.

Како се додава, купувачот ќе има обврска, покрај износот од 16 милиони евра на име на купопродажната цена, да уплати и износ од 25 милиони евра на име подмирување на обврските кон банките, како и износ од дополнителни 200 евра по година на стаж за вработените кои се определиле за доброволен социјален програм.

Исто така, купувачот има обврска во наредните две години на име задолжителни инвестиции да вложи 5,525 милиони евра во Галеника, како и бројот на вработени на неопределено време да не го спушта под 900.

Министерството за економија на Србија на 1 септември распиша тендер за продажба на 93,7 отсто капитал на Галеника, а почетната цена на јавното наддавање е едно евро со обврска купувачот да уплати и 25 милиони евра за покривање на банкарските долгови на таа компанија.

За доброволно заминување од Галеника која има 1400 вработени, се пријавиле 250 работници.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“