02 Мај, 2024
0.0305

ЈАДЕМЕ БЕЗБЕДНА ХРАНА - АХВ до демантира заменикот за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани јадат безбедна храна, од домашно производство и од увоз, а истата  редовно се контролира од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна. 

Со вакво тврдење денеска излезе Агенцијата за храна и ветеринарство, откако дополнителниот заменик министер за земјоделство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, обвини дека „АХВ речиси половина година не вршела никаква проверка на безбедноста на храната, и дека граѓаните не знаеле дали можеби јадат месо со антибиотици и тешки метали, млеко со афлатоксини, јајца со органофосфорни соединенија или генетски модифицирани организми“.

АХВ е децидна дека овие обвинувања се дилетантски и неосновани, и со нив тој се обидел да внесе страв кај граѓаните дека јадат небезбедна храна, свесно неосновано обвинувајќи ја АХВ.

„Минатата година, и во посочениот временски период, од увоз и од домашното производство и промет, земени и лабораториски биле испитани биле вкупно 6.929 мостри само од храна од животинско потекло. Дополнително од увоз испитани се и 376 мостри од храна од животинско потекло, храна за животни и нус производи од животинско потекло. 

Трипуновски досега требаше да научи дека официјалните контроли се основа за контрола на безбедноста на храната и нив инспекциските служби на АХВ секојдневно ги спроведуваат“, пишуваат од Агенцијата.

Нагласуваат дека мониторинг програмите за безбедност на храната, се испитувања кои се вршат покрај официјалните контроли и претставуваат само поширок показател и основа за анализирање на ризикот и база за планирање на спроведувањето на официјалните контроли.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, храната за животни и здравјето на потрошувачите, апелираме Трипуновски место неосновано да обвинува и застрашува граѓаните дека јадат небезбедна храна, да научи што е мониторинг, а што официјални контроли. Официјални контроли Агенцијата спроведува секојдневно, во текот на целата година, а мониторингот, може и се спроведува во кој било период од годината. Постапките за јавните набавки за вршење на лабораториски испитувања на безбедноста на храната од животинско и неживотинско потекло Агенцијата за храна и ветеринарство ги има започнато уште во февруари и истите се  завршени согласно законските процедури“, велат од АХВ.

Оттаму апелираат до граѓаните да им веруваат на институциите кои се грижат за безбедноста на храната и храната за животни и „да не подлегнуваат на лажните политикантски обвинувања со кои кај нив неосновано се креира страв и паника дека јадат небезбедна храна“. 

А денеска на прес, пак, Трипуновски го повика Јавното обвинителство да отвори истрага и да утврди дали во периодот од 05.06 до 11.11.2019, кога според него, не се вршел мониторинг, имало штета врз здравјето на граѓаните. Притоа, тој го впери прстот за одговорноста директно во тогашниот премиер Зоран Заев и во директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Тој покажа и документи од, како што истакна, договори кои го докажуваат пропустот.

„Речиси половина година АХВ немала склучено договори со Факултетот за ветеринарна медицина за мониторинг на присуство на резидуи и недозволени супстанци кај живи животни, производи и производи од животинско потекло, за мониторинг на микробиолошки критериуми, за безбедност и хигиенска исправност на храната од животинско потекло, за мониторинг на критериумите за сурово млеко кај молзни грла и мониторинг на антимикробна активност, мониторинг на квалитет на храна од животинско потекло, безбедност на храна за животни и безбедноста на нус производи од животинско потекло. Го повикувам Јавното обвинителство да отвори истрага и да утврди дали во наведениот период имало штета по здравјето на граѓаните“, рече Трипуновски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?