02 Мај, 2024
0.0271

Јакимовски смета дека му се врши притисок бидејќи најави бојкот на референдумот

Објавено во: Македонија 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Финансиската полиција води постапка за спроведување на три јавни набавки во Општина Карпош додека со неа управувал Стевчо Јакимовски. 

Во неговиот дом денеска е извршен претрес.

Јакимовски вели дека двете јавни набавки се спроведени во 2012 година и се однесуваат за бараките каде е сместена општината, додека третата јавна набавка е поврзана со изградба на плоштадот во Жданец.

Додава дека во првиот случај општината водела долгогодишен судски спор со компанијата-изведувач, меѓутоа не била повлечена банкарската гаранција, додека во вториот случај работите се извршени согласно договорот.

Јакимовски рече дека нема никаква одговорност, затоа што потпишува одлука за јавна набавка, а се понатаму работат службите. 

„Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција, но и во едниот и во другиот случај нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник. Им стоиме на располагање за се штo треба, максимално ќе соработуваме со истражните органи да се расчисти оваа работа“ – вели Јакимовски.

Тој смета дека во позадината на оваа постапка е да се изврши притисок пред претстојниот референдум. Неговата партија ГРОМ најави дека ќе го бојкотира референдумот закажан за 30 септември. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање