29 Април, 2024
0.0237

Јапонска фирма го користи името Бугарија за кисело млеко и јогурти

Објавено во: Стил 12 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Името Бугарија е патентирано како трговска марка од јапонската фирма „Меиџи холдингс" за јогуртот што се продава на пазарите во Јапонија, Кина, Сингапур и Тајланд, соопшти новиот број на списанието „Економист".

Таа добила права на името Бугарија уште во 1971 година, а од 1973 година произведува Meiji Bulgaria Yoghurt. Освен на пазарот во Јапонија, од 2013 година компанијата нуди ваков јогурт на пазарот на Тајланд, а од 2014-та и во Кина и Сингапур.  Јапонската корпорација сепак не крие дека токму брендот „Бугарија" ги има направено нејзините производи популарни.  Јапонците ја поврзуваат Бугарија со јогуртот, објави претседателот на компанијата Кадзуо Кавамура на средба со бугарскиот министер за економија, Божидар Лукарски на 8 април 2015 година. Последното регулирање на правата над зборот „Бугарија" за азискиот пазар е со одлука на владата „Станишев" од 9 ноември 2006 година и во неа се вели дека Министерскиот совет дозволува на  „Ел би Булгарикум "да го користи името „Бугарија" во називите на производите при склучување на договори со странски партнери за производство на јогурт по бугарска технологија и рецепт.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти