05 Ноември, 2024
0.0255

Јавни набавки – доцни исплатата на парите, се фаворизираат фирми.

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава, за периодот од април до јуни 2012 година. Констатирани се, меѓу другите, следниве наоди: - Најголеми проблеми со кои се соочуваат во јавните набавки, според анкетата на фирмите, се доцнењето на институциите со исплата на реализираните набавки, фаворизирачките и нејасни тендерски документации, како и нереално поставените и тешко остварливи критериуми за учество на фирмите на тендерите. - Евидентирани се низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги евалуираат добиените понуди од фирмите. Фокусот, меѓу другото, наместо на понудите се става на понудувачите со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност. - Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем. Во мониторираниот примерок од овој квартал поништени се 30% од постапките за јавни набавки. - Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки. Извештајот од мониторингот во кој, покрај наодите и препораките за надминување на констатираните слабости, се содржани и истражување на 220 фирми и анализа на жалбените постапки. Во јавните набавки на годишно ниво се вртат околу 800 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска од Виена: Оптимизам за енергетската иднина на Македонија

Божиновска од Виена: Оптимизам за енергетската иднина на Македонија

ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Ќе се покачат и додатоците за други ранливи категории

ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Ќе се покачат и додатоците за други ранливи категории

МЕМОВ: Во филијалите во Битола, Прилеп, Струмица, Велес, нема ни основен минимум на вработени за да тече процесот на работа

МЕМОВ: Во филијалите во Битола, Прилеп, Струмица, Велес, нема ни основен минимум на вработени за да тече процесот на работа

СДСМ БАРА НУЛА ДАНОК ЗА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ: За ВМРО-ДПМНЕ ова е само демагогија

СДСМ БАРА НУЛА ДАНОК ЗА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ: За ВМРО-ДПМНЕ ова е само демагогија

НАЈНИСКА ОД ЈУЛИ 2023 ГОДИНА: Се намали инфлацијата во Турција

НАЈНИСКА ОД ЈУЛИ 2023 ГОДИНА: Се намали инфлацијата во Турција

РЕСЕНСКИ ГАЗДИ СЕ ОПАРИЈА: Австрискиот гигант за сокови „Раух“ официјално нов сопственик на „Вита-Рес“

РЕСЕНСКИ ГАЗДИ СЕ ОПАРИЈА: Австрискиот гигант за сокови „Раух“ официјално нов сопственик на „Вита-Рес“

ИЗВОЗОТ СЕ НАМАЛИЛ ЗА 6 ПРОЦЕНТИ, МАЛ ПАД И КАЈ УВОЗОТ: еве кои производи се „најбарани“

ИЗВОЗОТ СЕ НАМАЛИЛ ЗА 6 ПРОЦЕНТИ, МАЛ ПАД И КАЈ УВОЗОТ: еве кои производи се „најбарани“

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: КОИ СЕ НОВИТЕ АКЦИОНЕРИ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - „Изостоне“ е на Саудин Реџепи, а Симеон Павлов ја има „Чеза комерц“

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: КОИ СЕ НОВИТЕ АКЦИОНЕРИ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - „Изостоне“ е на Саудин Реџепи, а Симеон Павлов ја има „Чеза комерц“

ПОПУЛАРЕН АМЕРИКАНСКИ ЛАНЕЦ ЗА БРЗА ХРАНА ДОАЃА ВО СОСЕДСТВОТО: Работи во повеќе од 30 земји, сега ќе го имаме во близина

ПОПУЛАРЕН АМЕРИКАНСКИ ЛАНЕЦ ЗА БРЗА ХРАНА ДОАЃА ВО СОСЕДСТВОТО: Работи во повеќе од 30 земји, сега ќе го имаме во близина