29 Април, 2024
0.0250

Каде во светот е најдобро да се живее и зошто?

Објавено во: Стил 13 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Организацијата Social Progress Imperative  ја направи годишната листа со земји кои имаат највисок квалитет на живот.
На самиот врв се повеќе земји од Скандинавија, а првите 20 места им припаѓаат на развиените држави со повисок стандард. Еве ја листата:
1. Финска: Највисок е нејзиниот  рејтиг по критериуми задоволување на основните човекови потреби (здравство, хигиенски услови, домување), основи на благосостојбата (едукација, пристап до технологија), по времетраење на живот и човечки слободи.
2. Канада: 35-милионското население на оваа огромна земја е едно од најпознатите  во светот. Здравство е најсилната нејзина страна. Образованието и можностите за реализација се исклучиво добри.
3.Данска: Социјалната мобилност и еднаквост во приходите се меѓу најдобрите во светот. Основните човекови потреби се задоволени, но не на врвно ниво.
4. Австралија: Фантастична едукација, можности за работа и голема лична слобода – не случајно толку многу луѓе сакаат да се преселат таму. Назадува на полето на толеранција и интеграција на доселениците.
5. Швајцарија: Таму се едни од најскапите градови во светот, но цената се исплаќа.  Земјата има добро здравство, квалитетна храна и пристап до образование.
6. Шведска: Вода во изобилство, високо ниво на здравствена заштита и хигиенски услови и почитување на човекови права.
7. Норвешка: Земјата е пример за развој на земји надвор од ЕУ.
8. Холандија: Една од најпознатите толерантен земји со најголеми лични слободи и права на избор – ова се нејзините главни заслуги.
9. Британија: Се вбројува меѓу првите места поради добрата  медицинска нега, квалитетното образование и елитните училишта.
10. Исланд: Задоволува  со одлични основните човекови потреби, има и висок бруто домашен производ по глава на жител.
11. Нов Зеланд: Со истиот индекс како Исланд, оваа “најмлада држава во светот”, како што самата се рекламира , е и една од најубавите.
12. Ирска: Британците кои  бегаат  од Брегзит, ќе најдат плодна почва за добри потенцијални инвестиции.
13. Австрија: Виена е културна престолнина на Европа, а австриските патеки  ги привлекуваат скијачи од целиот свет. Земјата е 14-та економија во светот според ММФ.
14.Јапонија:  Во последнава деценија земјата направи неверојатен општествен напредок, особено во работните права на жените. Но, таму има многу малку имигранти и висок процент на самоубиства на луѓе под 30 година.
15.Германија: Таа падна на листата, но има висок рејтинг во приемот на странци. Во последниве месеци таа прими над милион бегалци.
16.Белгија: Како земја домаќин на управата на ЕУ, постигна извонреден социјален напредок.
17. Шпанија: Една од најпознатите туристички зони во Европа. Има силен   социјален  систем и добар баланс на релација работен и приватен  живот. Високата невработеност кај младите сепак е проблем.
18. Франција:  За многумина таа е бастион на слободата, но не се рангира добро по критериумите „толеранција и интеграција”. Уште полошо е во областа на можностите за реализација.

19. САД : Моќната економија на државата не се трансформира во социјален напредок за многу од нејзините граѓани.

 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти