02 Мај, 2024
0.0278

Каде заглави новиот владин состав?

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во очи на разговорите со лидерот на албанската партија Беса Билал Касами за формирање нова влада, мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев потврди дека предлог за нова влада нема да има пред понеделник.

Одложувањето на одлуката за новиот кабинет Заев ја образложи така што рече дека тоа не зависи само од СДСМ.

Уставниот рок за формирање влада истекува на 6 јуни, а Заев кога од претседателот Иванов го доби мандатот рече дека таа ќебиде формирана најдоцна за 10 дена, односно до 27 мај.

Меѓутоа, она што може да се заклучи дека на продолжениот рок за формирање влада најмногу влијаеше Касами и Беса, кој инсистира на почитување на принципите од декларацијата.

За да добие мандат, меѓутоа, Заев потпиша изјава со која на Иванов му гарантираше дека во Уставот нема да се чепка.

Касами, имено, претходно рече дека тој не потпишал ништо и дека откажување од принципите запишани во „туранската платформа“ би било како да се откажува од иднината за своите деца.

Тоа движење инсистира на редефинирање на државата и воведување на албанскиот јазик како втор официјален јазик.

Беса од Заев бара во владата да нема луѓе против кои се поднесени кривични пријави или против нив СЈО води истраги.

Од СДСМ не сакаа да одговорат дали прифаќаат такви барања на движењето Беса.

Доколку барањата на БЕСА не бидат испочитувани речиси е извесно дека тоа движење нема да учествува во новата власт, а ако не бидат дел од власта прашање е и дали ќе бидат дел од парламентарното мнозинство или во собранието ќе се однесуваат како опозиција.

Беса има пет пратенички мандати, и ако Заев остане без нивна поддршка, мнозинството ќе се сведе на само 62 пратеници, што е повеќе од просто мнозинство.

Нејасно е и учеството во власта на Алијансата за Албанците и Зијадин Села, која го поддржа мнозинството соберено околу СДСМ.

Села, меѓутоа, синоќа изјави дека таа партија уште не одлучила дали ќе биде дел од власта или ќе биде опозиција со тоа што ќе даде поддршка за влада.

Засега единствено извесно е учеството на ДУИ и Ахмети во владата на Зоран Заев.

ДУИ, која досега беше традиционален партнер на ВМРО ДПМНЕ, која ако Заев формира влада, ќе биде во опозиција, вели дека со мандатарот ги усогласиле ставовите.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање