02 Мај, 2024
0.0273

КАКО И ЗОШТО: Преговорите меѓу ЕУ и Турција ќе бидат прекинати?

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Преговорите за пристапување на Турција во Европската унија треба да бидат прекинати, ако предложените измени на Уставот на земјата продолжат. 

Ова го  најавија денеска европарламентарците со усвојувањето на Резолуцијата во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во годишната оценка за напредокот на реформите во Турција се спомнува дека земајќи го предвид исходот од неодамнешниот уставен референдум и проширувањето на претседателските овластувања, Комитетот за надворешни работи на ЕП ја повикува Европската комисија и националните влади на Европската унија „формално да ги прекинат пристапните преговори со Турција, без одлагање, ако пакетот уставни реформи се спроведе непроменет“.

Европратениците предлагаат да се унапреди царинската унија меѓу ЕУ и Турција, со тоа што човековите права и основните слободи ќе бидат дел од новиот договор.

Тие сметаат дека мерките преземени како одговор на обидот за државен удар се непропорционални во Турција и тие жалат за отпуштањето на државните службеници, што се случува во големи размери, како и за апсењето новинари, судии и заштитници на човековите права и за затворањето на медиуми, училишта и универзитети .

Европратениците во Комитетот се загрижени поради непочитувањето на владеењето на правото, на човековите права и на слободата на медиумите и поради отстапувањето од борбата против корупцијата во Турција.

Тие ја осудуваат декларираната поддршка за повторно воведување на смртната казна од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ова велат ќе го доведе во прашање членството на Турција во Советот на Европа и ќе доведе до итен прекин на разговорите за члемство во ЕУ.

Европратениците оценија дека 2016 година беше тешка година за Турција, како резултат на војната во Сирија, приливот на бегалци, терористичките напади и обидот за државен удар, па во тој контекст, тие го осудија обидот за преврат и ја искажаа својата солидарност со луѓето од Турција.

Резолуцијата за Турција ја признава важноста на добрите односи меѓу ЕУ и Турција и одржувањето на конструктивен и отворен дијалог, кој е клучен за решавање на заедничките предизвици, како што се миграцијата, безбедноста или тероризмот.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф