19 Февруари, 2019
0.2941
    ALK 8332.7    0.76%     BESK 9001    0%     BUTE 3000    0%     FERS 75000    0.81%     GRNT 810.71    -0.57%     KMB 5419.1    0.7%     MTUR 5100    0%     OHB 6700    0.74%     POPK 25    25%     RZIN 123    2.5%     RZLV 100.09    -1.87%     RZUS 98    -9.26%     SBT 2338.64    2.49%     STB 1249.23    1.56%     STBP 926    -9.92%     TEL 310.67    0.22%     TTK 1380    0%

По долги години загуба, „Еуростандард банка“ конечно во добивка

Објавено во: Анализа 29 Јуни, 2018

„Еуростандард банка“ зад себе има позитивна година која успеа да ја заврши со добивка. Раст на нето приходи од камати за 8,6 отсто, раст на нето приходи од провизии и надоместоци за 52 отсто. Раст на кредитирањето за 10 отсто и ниво на депозити зголемено за една милијарда денари односно 12 отсто повеќе од 2016 година. „Главен багаж“ останува акумулираната загуба од 10,6 милиони евра

„Еуростандард банка“ минатата година ја заврши со добивка од 188.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од 2016 година кога банката заврши со загуба од 600.000 евра.

Лани банката има знајачно подобрување на нето приходите кај двете најважни ставки: каматите и приходите од надоместоци и провизии. Кај каматите нето приходот лани достигнал 4,72 милиони евра и во споредба со 2016 година има раст од 8,6 отсто. Кај нето приходите од провизии и надоместоци растот е уште поинтензивен и изнесува 915.000 евра односно 52 отсто во споредба со 2016 година. Вкупните нето приходи од провизии и надоместоци се 2,68 милиони евра.

Најголема расходна ставка на банката се останатите расходи од дејноста и тие изнесуваат 3,67 милиони евра. Во споредба со лани книжат раст од речиси 600.000 евра. Резервациите за кредитните пласмани се втора по големина ставка и тие изнесуваат 2,68 милиони евра, а во споредба со 2016 година бележат раст за 500.000 евра. Во споредба со лани книжат раст од речиси 600.000 евра. Всушност лани банката издвоила вкупно за резервации 6,74 милиони евра, а ослободила резервации во износ од 4,06 милиони евра.

Нивото на кредитирање на крајот на 2017 година изнесува 110,3 милиони евра и бележи многу значаен раст во споредба со 2016 година кога изнесувало околу 100 милиони евра. Тоа значи дека „Еуростандард банка“ за една година својата пазарна позиција за зголемила за 10 отсто во споредба со 2016 година. Банката лани значајно го намалила и вложувањето во хартии од вредност во спроедба со 2016 година. На крајот на 2017 година тоа е сведено на ниво од еден милиони евра, додека на крај на 2016 година било на ниво од 2,62 милиони евра. 

Нивото на депозитите на други коминтенти лани пораснал за 16,2 милиони евра и достигнал речиси 150 милиони евра.

На крајот на минатата година банката има акумулирана загуба од 10,6 милиони евра.


Р. Ф.


Фото: Официјален сајт „Еуростандард банка“