01 Мај, 2024
0.0280

Kaко Катругалос ги коментира преименувањето на аеродромот и автопатот?

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за првата програма на грчкото државно радио вели дека преименувањето на аеродромот и автопатот се потези на негирање на иредентизмот. 

Новинарката реагираше дека не можело да биде негирање, затоа што „иредентизмот постои и во Уставот“, по што Катругалос изјави дека исто како што во минатото Грција реагирала негативно на иредентистички чекор, така сега реагира позитивно на потезите против иредентизмот.

„На симболично ниво, како што протестиравме и добро правевме, кога ги поставуваа спомениците на Александар Велики како примери за иредентизам, сега кога гледаме комплетно спротивно однесување, кога ги отстрануваат оние работи што се сметаат за симбол на иредентизмот, нормално е дека тоа ќе го поздравиме со аплауз. Тоа е спротивен симболичен потег, дека повеќе не го оспоруваат грчкиот карактер на Македонија“ - вели Катругалос во интервјуто.

Тој не дава прецизен одговор дали се блиску до решение, но вели дека има позитивни точки. 

За вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев дека постои подготвеност за име со географска одредница,  Катругалос вели дека тоа е многу важен чекор кон компримис.

„Штом господинот Заев изјави дека прифаќа сложено име покрива голем дел од патот за чесен компромис, затоа што таа е грчката позиција, како што беше формирана во 2007, а господинот Груевски и националистичкото раководство на соседната земја, во изминатата деценија ја отфрлаа и затоа ова е еден многу важен чекор“- коментира Катругалос.

За веројатноста да се постигне решение, вели дека постои прозорец на можности, но засега не е сигурен дека ќе се стигне до договор.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат