01 Мај, 2024
0.0258

Како ќе изгледа новиот луксузен апартман на славниот пар Џорџ и Амал Клуни

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Славниот пар Џорџ и Амал Клуни инвестирале најмалку десетина милиони долари во нов луксузен апартман во срцето на Менхетен. 

Американските таблоиди веќе успеаја да добијат слики од внатрешното уредување кое изгледа спектакуларно со три спални соби и четири бањи. 

Новото живеалиште на парот Клуни ќе биде готово наредната година каде ќе биде и нивната постојана резиденција со оглед на тоа што е одалечено на само неколку блока од седиштето на Обединетите нации каде Амал работи како адвокат за човекови права. 

Инаку ова може да се смета и за скромен избор со оглед на тоа што многу Холивудски парови купуваат огромни имоти вредни над 20 милиони долари.