10 Мај, 2024
0.0431

Како полесно до имплементација на Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR) во компаниите

Македонска компанија со единствен лиценциран обучувач за GDPR во регионот.

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Општата регулатива за заштита на лични податоци GDPR (General Data Protection Regulation) која на корисниците им дава поголема контрола врз сопствените податоци, изминатиов период е доста актуелно прашање за кое „на големо“ зборуваат компаниите, државните институции и општо граѓаните во европските земји и кај нас. Европската унија ја донесе новата легислатива за заштита на личните податоци во 2016 година, а стапи на сила во мај 2018 година.

Како индивидуи ние секојдневно откриваме лични податоци за нас и нашите блиски, а голем број државни органи и приватни компании ги собираат и обработуваат тие податоци за законски дозволени, но и недозволени цели. Ова полека почнува да се менува (сакале компаниите или не) со новата GDPR регулатива.

Законот за GDPR е основан на 6 основни принципи: законитост, првичност и транспарентност; ограничувања на намената; минимизација на податоците; прецизност/точност; oграничување на складирањето на податоци; интегритет и доверливост. Меѓу најважните промени што ги носи оваа регулатива е тоа што од сега компаниите ќе мораат јасно да им ги објаснат правилата за приватност на корисниците, за разлика од досегашните долги и комплексни упатства, кои најчесто корисниците ги прифаќаат без да ги прочитаат. Она што е важно да се напомене е дека GDPR регулативата воведува поголеми парични казни во оваа област и им дава на граѓаните повеќе информации за тоа што компаниите може да прават со нивните податоци.

„Државните органи и компаниите мора да преземат мерки за усогласување со ова Регулатива која ќе биде преточена во новиот предлог на закон за заштита на личните податоци кој се очекува да биде усвоен во Македонија наскоро. Тоа за нив ќе значи гаранција дека нивните вработени се целосно свесни и обучени да им гарантираат законито и правично обработување на личните податоци на нивните клиенти и деловни партнери, со што допринесуваат директно кон квалитетот на услугите и производите кои ги нудат и за зголемување на приходите и профитот.”, Димитар Ѓеорѓиевски, сертифициран GDPR тренер

Единствен провајдер во регионот и IAPP certifies partner за GDPR обуки и сертификација е компанијата Цертиадриа, интернационална едукациска и сертификациска компанија која е авторизиран партнер на Certiport за Јадранскиот регион.

Со oфицијалната обука која ја спроведува единствениот сертифициран тренер во регионот на Certiadria, слушателите ќе се здобијат со продлабочени познавања на законската рамка за обработка и заштита на личните податоци согласно GDPR регулативата на Европа и локална примена на истата за директна примена во секојдневното работење.

“Секоја компанија кај нас која користи лични податоци на граѓаните на ЕУ, законски мора да се придржува кон оваа регулатива и да се подготвува за имплементација на GDPR. Сите кои сакаат да дознаат и научат што е потребно за да се усогласат со промените, да разберат што е потребно за имплементирање и примена на GDPR регулативите,  можат да ја посетат обуката на IAPP за GDPR Ready. На обуката ќе се стекнат со знаења со кои ќе станат GDPR-ready privacy pro или сертифициран DPO (Офицер за заштита на податоци), кој на многу организации ќе им биде потребен. Преку оваа обука слушателите ќе дознаат и навремено ќе се информираат кои одредби важат за нивната организација, ќе научат да создадат одговор кој ги исполнува регулаторните барања и ја гради довербата на нивните клиенти и корисници.”, додава Димитар Ѓеорѓиевски, сертифициран GDPR тренер.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори