Каква ќе биде „ судбината “ на СЈО?
Објавено во: Македонија 05 Март, 2018
На далеку познатато Специјално јавно обвинителство (СЈО) веќе осми месец е со врзани раце затоа што му истече мандатот и не може да си ја врши својата работа. Катица Јанева очекува до јуни или најдоцна до септември да знае што ќе се случува со истрагите кои ги води нејзиното обвинителство и да се реши статусот на СЈО.
Согласно Стратегијата за реформи во правосудството се предвидува СЈО да стане посебно одделение во Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), да добие пошироки надлежности и да ги истражува сите кривични дела од висок профил на корупција (White Collar Crime).
Специјалната обвинителка посочи дека за десетина дена, на 15 март кога ќе го објави извештајот за сработеното во последните шест месеци, треба да се знае и дали тие ќе го преземат случајот „Монструм“ во свои раце.