28 Април, 2024
0.0307

Какви документи потпишаа Заев и Рама за граѓаните на Македонија и Албанија?

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, имаа заедничка прес-конференција, по одржаната меѓувладина седница во Поградец, Албанија. 

Премиерот Заев го оцени како историски чекорот на двете влади за заедничка владина седница, на којашто се потпишани како што рече, значајни меморандуми од областа на безбедноста, културата, надворешните работи.

Премиерот Заев констатираше дека Македонија и Албанија ги водат одговорни политички раководства, без предрасуди, носејки одлуки искрено, транспарентно и отворено, со цел подобрување на животот на граѓаните. 

Европските и НАТО-интеграциите не се само политичка определба, туку и економска потреба за граѓаните на нашите две држави, рече премиерот Заев кој најави интензивирање на соработката во инфраструктурата во иднина, како што е поврзувањето на Македонија со Драч, Албанија. 

Премиерот Заев соопшти дека очекува поместувања во евро-атлантските интеграции на Република Македонија во престојната 2018 година, поради што Владата фокусирано работи на внатрешните реформи, добрососедските односи и целосно спроведување на Охридскиот Рамковен Договор во пракса.

Важно е што политичкото раководство на Република Албанија го препознава моментот со шанси за регионален развој, со оглед на наклонетоста на земјите-членки на ЕУ, рече претседателот на Владата, Заев.

Премиерот Заев оцени дека интензивираната соработка меѓу владите на Македонија и Албанија и заложбите за регионален развој се заедничка иднина за двете држави.

На прес-конференцијата, во одговор на новинарско прашање за спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор, премиерот Заев рече дека тој се заокружува со Законот за употреба на јазиците.

Во врска со пополнувањето на испразнетите министерски места во Владата, претседателот на Владата, Зоран Заев соопшти дека очекува во понеделник да ги достави кандидатите за нив, по завршни консултации викендов, како и дека пред гласањето, ќе се верифицираат мандатите на новите пратеници.

Можеби ќе ве интересира

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави