29 Април, 2024
0.0250

Какви лекови да земете со вас кога тргнувате на пат?

Објавено во: Стил 22 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Одите на пат? Не заборавајте да понесете и некои основни лекови со вас.

Лековите во куферот ќе ве направат помирни кога ќе тргнете на патување во земјата или во странство. Особено важно е родителите со мали деца и пациентите со хронични болести да не ги заборават своите лекови.

Имајте на ум дека во одморалиштата во земјата и најмногу во странство, лековите се значително поскапи.

За да избегнете проблеми со стомакот, почитувајте добра хигиена на рацете, особено кај децата. Исто така, имајте предвид дека водата во многу одморалишта не е погодна за пиење и е многу веројатно да ви предизвика гастро малаксаност. Важно е и да конзумирате храна од доверливи места. Земете со вас задолжително лекови за гастро малаксаност. Имајте на ум дека може да ви требаат и такви како на пример за дијареа, така и за запек.

Стомачните болести или моментални болки, алергии и изгореници се најчестите проблеми со здравјето, кои се јавуваат на пат.

Задолжително носете со вас крема за сончање, без разлика дали одите на море или на планина. Исто така и лек кој ќе го користите, ако изгорите.

Добро е да имате со вас и аутан, лек, кој штити од каснувања и намалува чешање на веќе погодените места.

Во случај на повраќање или дијареа, не заборавајте да земате многу течности и сол, за да не ви се обезводни организмот. Можете да примате и пробиотици за да се нормализира балансот на добрите и лоши бактерии во цревниот притисок.

Задолжително понесете со вас медикаменит за главоболка и такви кои ја намалуваат температурата.

Имајте на ум дека за некои земји во Азија и Африка е задолжително да бидат направени и вакцини против болести кои не се среќаваат на нашиот континент.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти