Каракачанов категоричен: Азбуката е создадена во земјата на бугарските цареви и Бугарија им ја даде на другите Словени
Објавено во: Балкан 13 Декември, 2020
Бугарскиот
вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во емисијата „Денот започнува“ на БНТ, истакна дека Бугарија секогаш и помагала на Македонија, и дека
бугарското „НЕ“, сепак не е конечно.
-Ние први ги признавме, финансиски помагавме, помагавме и воено за време на југословенското ембарго, очекувавме колегијален став, а добивме игри зад сцената. Историјата е точна наука и за неа не треба да се има повеќеслоен став. Ако Македонците утре се наречат марсовци, дали и Цар Самоил ќе биде од Марс, прашува Каракачанов.
Во однос на преименувањето на Денот на Словенските просветители, Каракачанов е категоричен дека азбуката е создадена во бугарските земји, во земјите на бугарските кралеви и дека Бугарија им ја дала на другите Словени.