10 Мај, 2024
0.0305

Каракачанов сака да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, во својот последен пост на Фејсбук вели дека неговата партија ВМРО сака да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој повеќе од четири години е отстранет од пред зфрадата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Ваквата реакција на бугарскиот министер за одбрана и претседател на ВМРО следува откако Град Скопје даде предлог да го врати старото име на улицата „Борис Сарафов“ и да ја именува повторно во „4 Јули“.

Каракачанов во истиот пост за Сарафов вели дека бил бугарски офицер и еден од водачите на Илинденското востание.

„Откако пред извесно време тивко го отстранија и неговиот споменик, ова е втор јасен гест од страна на властите во Северна Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин?

Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО е подготвена да го купи лично отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да биде стопен како старо железо“, објави меѓудругото Каракачанов на Фејсбук.

Споменикот на Борис Сарафов беше висок пет метри и стоеше на триметарски постамент, пред да биде беше тргнат од пред МНР на 10 декември 2016 година. Тогаш од Град Скопје не кажаа зошто се трга споменикот и каде ќе се носи.  Од Град Скопје рекоа дека во документите кои ги наследиле од претходното раководство нема никакви податоци каде е однесен споменикот.


Можеби ќе ве интересира

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност