12 Мај, 2024
0.0288

Ќе им кажеме збогум на пластичните ќеси?!

Објавено во: Стил 01 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Потрошувачите во европските земји ќе мора да го ограничат драстично користењето на најтенките но едни од најголемите загадувачи на животната средина пластични кеси. Тоа ќе се случи поради новите правила, изгласани од Европскиот парламент.

"Зборуваме за огромен еколошки проблем. Милијарди пластични кеси се фрлаат директно во природата како непреработен отпад. Ова ја загадува природата, штети на рибите и птиците ", изјави Маргрете Аукен од партијата на Зелените.

Земјите членки на ЕУ ќе можат да избираат меѓу две мерки: или да ја намалат просечната годишна употреба на пластични кеси до 90 примероци за секој граѓанин до крајот на 2019 година и на 40 примероци до крајот на 2025 година, или да обезбедат дека до крајот на 2018 година корисниците нема да може да ги користат овие кеси.

Лесни пластични кеси потенки од 50 микрони - поголемиот дел од пластични ќеси кои се користат во ЕУ - се помалку погодни за еднократна употреба од дебелите модели и се претвораат во отпад побрзо. Тие исто така се повеќе штетни односно многу повеќе ја загадуваат животната средина и многу ја загадуваат водата и водните екосистеми.

Жителите на Европската Унија според проценките користат околу 198 пластични кеси годишно, од кои 90% се лесни. Се очекува потрошувачката на овој загадувач да се зголемува.

Во 2010 година секој граѓанин на ЕУ користел околу 198 пластични кеси, околу 90% од кои биле лесни кеси. При зачувување на постојната ситуација се очекува дека потрошувачката на пластични кеси ќе се зголеми уште повеќе. Според оценка на влијанието направена од Европската комисија, во 2010 година над 8 милијарди пластични кеси биле исфрлени на ѓубриштата во целата ЕУ.

Во Македонија тенките пластични кеси со рачки се плаќаат од корисниците, но многу продавачи, особено по пазарите, ги делат бесплатно. Посебно загрижува ситуацијата низ помалите градови, каде во борбата за привлекување на што поголем број потрошувачи кесите воопшто не се наплаќаат.

Според правилникот на министерството за животна средина во Македонија, кесињата што се употребуваат во Република Македонија, а се наменети за транспорт на стоки во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени пазари и посебни пазари каде што се врши трговија на мало на прехранбени производи, во продавници и киосци каде што се врши трговија на мало на ситни производи и во аптеките каде што се продаваат козметички производи, мора да бидат исклучиво биоразградливи, иако ситуацијата не ретко е таква. Покрај тоа што мора да се биоразградливите ќесиња треба да бидат и произведени според соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост.

За непочитување на овие одредби предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, како за производителот така и за трговецот .

Засега останува неизвесно, дали Македонија ќе ги следи правилата на ЕУ.

К.К.