Ќе се воведе забрана за носење бурки во Софија?
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2016
Ќе стане ли и главниот бугарски град уште еден град со таква забрана по Пазарџик и Стара Загора.
Уште неколку општини во Бугарија размислуваат за таква мерка. Забрана за носење бурка и во Софија предлагаат софиските општински советници од ВМРО и „Атака".
Идејата не е да се нападне било која религија, туку да се гарантира безбедноста на граѓаните, уверуваат од ВМРО. Дали ќе бидат забранети бурките ќе се дискутира и во Пловдив, Шумен, Бургас и Враца.
Во Пазарџик и Стара Загора веќе беше усвоена забраната за носење на бурка.