Киев: Избори на истокот од Украина – незаконско одземање на власта?

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2014 11:45
Украинските власти денеска соопштија дека ќе покренат крвична истрага поради пртседателските и парламентарните избори кои денеска се одржуваат во оластите на Доњецк и Луганск на истокот од Украина, нарекувајќи ги овие избори „незаконско одземање на власта“.
„Одржувањето на таканаречените избори на 2 ноември се во спротивност со Уставото и претставуваат одземање на власта. Покрената е кривична истрага“, наведува Украинската служба за безбедност во соопштението кое го пренесува АФП.
Во областите на Доњецк и Луганск во источна Украина утрово почнаа претседателски и парламентарни избори и покрај несогласувањата на Киев, Европската унија и Обединетите нации, а изборите ги поддржа само официјална Москва.
Избирачките места се отворени во осум часот по московско време, односно шест по средноевропско, а ќе бидат затворени во 20 часот (18 по средноевропско време) .
Можеби ќе ве интересира
ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД И КАНАДА: Што одговорија Американците на анкета?

ТРАМП: Многу земји, меѓу кои европските и Кина, се покажаа полоши од непријателите на САД

ПАЛЕСТИНЦИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ХАМАС: Граѓаните на Газа се заложници на луѓе на кои не им е гајле за нас

РУТЕ ДО ПУТИН: Ако некој ја нападне Полска, нашата реакција ќе биде поразителна

НАЛЕТАЛА НА МИНА ВО БЕЛГОРОД: Руска новинарка загина, а снимателот е повреден

ИМА 66 ГОДИНИ И ПОВТОРНО РОДИ - директорката на германски музеј го доби своето 10-то дете

„НЕ ГО ВИДОВ ОВОЈ ГУБИТНИК ВО ГРУПАТА“: Волц презема целосната одговорност за протекувањето на воените планови

РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЈА МИР ВО ЦРНОТО МОРЕ: Што бараат Русите од Американците за возврат?

ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ Е ТАА НА КОЈА КРЕМЉ ГОРИ: Дело е на грузиски уметник и ја налути Москва
