Кикиљас: Aко Ципрас и Каменос не се согласуваат нека си поднесат оставки
Објавено во: Балкан
30 Декември, 2017
Добивај вести на Viber
Василис Кикиљас, одговорен за безбедност во грчката опозициска партија „Нова демократија“, ја повтори позицијата на неговата партија, дека со различните позиции за името на „Сириза“ и „Независни Грци“, се доведува во прашање владиното мнозинство.
Тој вели дека ако Алексис Ципрас и Панос Каменос не се согласуваат, нека си поднесат оставки.
„Нова демократија“ има јасна позиција, формирана во Букурешт: сложено име за севкупна употреба (ерга омнес) и решение на прашањето за името пред да започне процесот на интеграција на Скопје во НАТО“- вели Кикиљас во интервју за весникот „Real news“.
Овој став постојано го повторуваат од опозициската „Нова демократија“. Преку портпаролката Марија Спираки, преку поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, преку потпретседателот Костис Хаѕидакис, опозициската партија јасно и гласно и порача на Владата да ги усогласи позициите, Ципрас и Каменос да најдат заеднички став, затоа што во спротивно, „Нова демократија“ нема да го поддржи евентуалното решение.