24 Јули, 2024
0.0318

Кинески бизнисмен „мерка“ плацеви во Софија за „Чајнатаун“!

Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Кинези им фрлиле око на пустите ниви во градското соседство „Обелја" , каде сакаат да ги постават темелите на бугарскиот „Чајнатаун " . Ова, во изјава за „Монитор" го откриле луѓето од регионот кои добиле предлози да ги продадат своите парцели на кинески бизнисмен. Тие додаваат дека претставникот на поднебесноте царство требало да ги откупи по килограм терените по „Околуврстен пат", како и други запуштени плацеви меѓу „Обелја" и „Илијанци" преку поставена бугарска фирма. Бизнисменот планирал да изгради станбени задруги на тоа место , во кои ќе ги смести под наем илјадниците сонародници кои живеат во Софија. Симеон Митев, шеф на агенцијата „Шанса -96" , потврди дека пред два месеци кинески бизнисмени се интересирале за плацеви во Софија , главно околу пазарот во Илијанци . Тие барале имот со површина над 30.000 квадратни метри и со дозвола за изградба на станови. До договор не дошло . Очигледно тие само собирале информации за имотите кои биле на продажба. Местото не било избрано случајно . Тоа е само на неколку постојки растојание од стоковата берза во Илијанци каде работеле претежно Кинези. Многу од нив живееле во станови во "Надеж" и "Слобода" , но при првата можност требало да се преселат на друго место , за да се само со луѓе од својата раса. Кинеската заедница во Бугарија била исклучително затворена, пишува „Монитор“. Тие биле сплотени , правеле бизнис , но не сакале контактот со Бугари. Ги прифаќале само како клиенти. „Кинезите не сакаат да разговарате со Бугари и да склопуваат пријателства. Преферираат сонародници . Тврдат дека Бугарите сакале да ги измамат или да им бараат пари на заем. Наивно е сепак да се верува дека повеќето Кинези тонат во раскош . Нивната колонија се покорува на строго дефинирани правила и хиерархија кои се почитуваат и тие не трошат пари. Поради јазичната бариера и поради националните особености, тие претпочитаат да се само со нивни сонародници " , објаснува познавач на состојбите. Токму затоа, поданиците на Кина во Бугарија сакале да си имаат свое место , како што е во секој голем град во светот. Во моментов, најголемиот дел од следбениците на Конфучие се сместени во поранешните виетнамски домови зад Илијанци . Таму тие живеат по 5-6 луѓе во еднособен стан. Пристапот до куќите сепак е ограничен од лимена ограда која оформува тесен коридор до влезот. Покрај лошата состојба во која се наоѓаат становите таму, се тврди дека Кинезите држат големи суми пари во нив. Токму поради тоа се и засилените мерките за безбедност. Секој прозорец на зградата , пак, е покриен со темни завеси или со парчиња иверица , за да не може да се гледа ништо во него . На секоја тераса има и сателитска антена , а на некои места имаат дури по две.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“

АКО ГРАНДЕ ПАНДА СЕ ПРОДАВА КОЛКУ И ФИАТ 500 Л, ЌЕ ИМАМЕ ИЗВОЗ ОД ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ МИЛИЈАДИ ЕВРА: Иван Николиќ за производството на новото возило

АКО ГРАНДЕ ПАНДА СЕ ПРОДАВА КОЛКУ И ФИАТ 500 Л, ЌЕ ИМАМЕ ИЗВОЗ ОД ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ МИЛИЈАДИ ЕВРА: Иван Николиќ за производството на новото возило

ОВАА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА НА БАЛКАНОТ СО СЕРИОСКО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ: Ново поглавје за Србија

ОВАА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА НА БАЛКАНОТ СО СЕРИОСКО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ: Ново поглавје за Србија

СТАТИСТИКА НА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА: Хрватска имала најмногу лекари во 1984 година, Црногорците пиеле најмногу млеко, а еве во што водела Македонија

СТАТИСТИКА НА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА: Хрватска имала најмногу лекари во 1984 година, Црногорците пиеле најмногу млеко, а еве во што водела Македонија

„СОЛУН ВО ТОТАЛЕН КОЛАПС“: Еве како да ги избегнете најголемите гужви

„СОЛУН ВО ТОТАЛЕН КОЛАПС“: Еве како да ги избегнете најголемите гужви

ПЛЕН ОД ОКОЛУ 800.000 ЕВРА - невиден грабеж во Сански Мост, украдени 2 кеси

ПЛЕН ОД ОКОЛУ 800.000 ЕВРА - невиден грабеж во Сански Мост, украдени 2 кеси

ЕВЕ КАКО СЕ ПОДДРЖУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО: за купена Гранде Панда од Крагуевац субвенции од 5.000 евра

ЕВЕ КАКО СЕ ПОДДРЖУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО: за купена Гранде Панда од Крагуевац субвенции од 5.000 евра

Полнач за мобилен телефон итно повлечен од пазар во соседството: Голема опасност од пожар и струен удар!

Полнач за мобилен телефон итно повлечен од пазар во соседството: Голема опасност од пожар и струен удар!

МИЛИОНИ ЕВРА ЛЕЖАТ НА ДНОТО НА СРПСКИ ДУНАВ! Германија дава „брдо пари“ за експлоатација на богатствата

МИЛИОНИ ЕВРА ЛЕЖАТ НА ДНОТО НА СРПСКИ ДУНАВ! Германија дава „брдо пари“ за експлоатација на богатствата