28 Април, 2024
0.0527

Кинески бизнисмен поседува цела колекција од острови

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

42-годишниот Лин Донг e успешен претприемач од Гуангдонг, Јужна Кина и е познат како "владетел на острови".

Во 2006 година тој го купува првиот остров за одмор а од тогаш до денес богаташот купил најмалку 30 острови.

Лин го заработил своето богатство на кинескиот пазар во 90-тите години, а потоа како раководел на компанија за медицинска опрема. Тој вели дека во 1999 година купил мал остров за земјоделски цели, но во 2006 година се здобил со првиот остров за задоволство.

"Фокусиран сум на прекрасната природа и плажите", вели претприемачот кој поседува 20 острови во езера и околу 10 полуострови.

Бизнисменот потрошил 3,1 милиони фунти од својот паричник за нив, но планира и уште инвестиции. Тој дури ја базира првата асоцијација во Кина на сопствениците на острови.

Елитната заедница е со 50 членови кои купуваат острови ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти