29 Април, 2024
0.0274

Кире и Едина советуваат – Како во летните горештини?

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Среќата е убава да ја имате, за некоја од добивките на Видеолотарија Касинос Австрија, но таа нема да ви помогне да поминете полесно во екстремните летни температури, кои ни претстојат и оваа недела и во остатокот на летото. Потребно е да сме информирани што да јадеме, да пиеме и како општо да се справуваме со горештините за да го сочуваме нашето тело. А кој знае подобро како да негува совршено и здраво тело, од нашите врвни спортисти. Видеолотарија Касинос Австрија ви пренесува искуства и совети од нашите заштитни лица Кире Лазаров и Едина Муса. Како тие се справуваат со летните денови и што прават во овие високи температури?

„Деновите ми почнуваат со овошје. Не јадам речиси ништо друго освен овошје некаде до 13 часот. Понатаму избегнувам месо и месни производи, а повеќе сакам риба во овој летен период“, вели Лазаров, кој најдобро знае за издржливост и истрајност, држејќи ја својата кариера на највисоко можно ниво и по 40-тата ниво.

„Во текот на целиот ден пијам многу вода, флаширана, негазирана. Обично сакам кафе и пијам доста, но во овие горештини го редуцирам, зашто знае да дехидрира. Навечер исто така лесна вечера и гледам да не е доцна, за да може полесно да се спие на горештините“, порача капитенот и селекторот на македонската репрезентација.

Едина Муса, покрај својата кошаркарска кариера, успешно работи и како личен тренер, па секојдневно советува луѓе како да се грижат за своето тело.

„Главен совет за овие температури е едноставно – многу вода. Пијам многу вода во текот на денот уште од будење и препорачувам на овие високи температура секој да пие минимум два литра дневно. За јадење јас и онака не јадам месо, а оние што консумираат, би било добро да го сведат на минимум во овие денови. Не заборавајте да вежбате. Јас тоа го правам рано наутро, кога температурите уште се подносливи. Ако немате можност, никако не излегувајте на сонце, постојат лесни начини да се одржува телото и дома, под клима“, советува Едина.

А нашиот совет против летните горештини е седете дома и секогаш кога ви треба да си поминете убаво, проверете ја понудата на Видеолотарија Касинос Австрија.

Летото е за забава, но уживајте одговорно!

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА