12 Мај, 2024
0.0276

Ќе има повторно судење за Љубе Бошковски за „Кампања“

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски ќе добие повторно судење за случајот „Кампања“, за која беше осуден на пет години затвор кои ги одлежа во затворот во Идризово.

Претседателот на „Обединети за Македонија“ се враќа на повторно судење, 10 години по апсењето пред ресторанот „Воденица“, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања, на барање на неговата одбрана.

Ова го потврдуваат од Кривичниот суд, од каде информираат дека Кривичниот совет постапувајќи по барање на одбраната на Бошкоски, го уважил барањето за повторно судење на предметот.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно“, велат од Кривичниот суд.

Адвокатскиот тим смета дека на советникот на премиерот Зоран Заев му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикувањето и испитувањето сведоци, по што тој беше осуден на пет години затворска.

За бруталното апсење на Бошковски во Кривичен се води предметот „Тортура“, а меѓу обвинетите е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа