02 Мај, 2024
0.0278

ЌЕ СЕ НАУЧИМЕ ЛИ НА РЕД: Комуналните редари редат казни низ Скопје

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

 Комуналните редари на Градот Скопје во првите пет месеци од годинава изрекле 645 мандатни казни, што е четирикратно зголемување во однос на изречените казни во тој период лани.

-Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години, оценуваат од Градот Скопје и додаваат дека лани биле изречени 149 мандатни казни.

Изречените мандатни казни, како што појаснуваат, се однесуваат на сторени прекршоци според Законот за јавна чистота, член 14, според кој се забранува фрлање и оставање градежен шут на јавните површини, фрлање и оставање различни видови отпадоци, оставање стари предмети од домаќинство, палење, закопување и уништување  смет, продажба и излагање земјоделски и индустриски производи, освен на местата определени за таа намена, превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, сено, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец, вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала, палење и уништување на садовите за собирање смет, уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта) и друго.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја загадуваат животната средина, ѓубрето да го фрлаат исклучиво во контејнерите и корпите за отпадоци, да го чуваат зеленилото, прописно да паркираат и да ги почитуваат одредбите од Законот за јавна чистота.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање